25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

07.07.2018 - 07.07.2018


Форум плоштад Бугарија, Софија,  Бугарија

7ми Самит и бизнис форум на шефовите на влада на земјите од Централна и Источна Европа и Кина


7ми Самит и бизнис форум
на шефовите на влада на земјите од Централна и Источна Европа и Кина
7ми јули (сабота), 2018 година
Национална палата на културата, 1, плоштад Бугарија, Софија


Министерството за економија на Бугарија, Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА) и Деловниот совет Кина - СЕЕС, би сакале да Ве информираме дека Република Бугарија има чест да биде домаќин на 7-та Средба на шефовите на Влади на земјите од Централна и Источна Европа (СЕЕС) и Кина што ќе се одржи во Софија на 7 јули, 2018 година.

Давајќи голема важност на процесот на зацврстување на соработката со Кина и СЕЕС согласно Иницијативата 16+1, Министерството за економија на Бугарија и БСМЕПА организираат Деловен форум во рамките на 7-та Средба на шефовите на Влади, кој ќе се одржи исто така на 7-ми јули, 2018 година во Софија во Национална палата на културата.

Во рамки на Деловниот форум ќе бидат организирани четири панел дискусии за секторите:

- Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување;
- Инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика);
- Земјоделство;
- Туризам.

Паралелно ќе бидат организирани и Б2Б средби за вмрежување и сесија за презентација на проекти во рамките на кои ќе се презентираат инвестиции и проекти за кои Кинеските инвеститори бараат партнери.

Деловниот форум претставува и одлична можност за продлабочивање на соработката помеѓу земјите од СЕЕС и Кина, соработка на учесниците од другите организации со владини и невладини институции да изградат мрежа, да пронајдат можности за соработка од заеднички интерес и да добијат подобро разбирање и практично знаење за поддршка на компаниите и да ја олеснат трговијата и инвестициите согласно Иницијативата 16+1.

Учеството во Деловниот форум не се наплаќа. Вашето присуство можете да го пријавите единствено со он лине аплицирање преку формуларот што е во прилог на овие документи. Регистрираните Рокот за пријавување е 22 јуни 2018 година. учесници ќе добијат линк за акредитација на Деловниот форум што е задолжителен за пристап до местото на настанот.

Забелешка – Поради online аплицирањето директно кај организаторот, а со цел да се има увид кој се` компании од македонска страна ќе учествуваат на настанот, Ве молиме интересот за учество да го потврдите и во Стопанската комора на Македонија, контакт лице кај Сашо Деспотовски, е-адреса: saso@mchamber.mk и телефон: +389 (02) 3244-089.

Во прилог:

Агенда
Регистрациона форма 
Покана од Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА).


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сашо Деспотоски
Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: saso@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права