19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

Бизнис-настани

15.11.2018 - 15.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

Еднодневна работилница на тема:Попис и усогласување на состојбите со осврт на срамнување на сметководствената со фактичката состојба на средствата и изворите и преглед на даночниот третман



Еднодневна работилница на тема:
ПОПИС И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ СО ОСВРТ НА СРАМНУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА НА СРЕДСТВАТА  И ИЗВОРИТЕ И ПРЕГЛЕД НА ДАНОЧНИОТ ТРЕТМАН

15.11.2018 година (четврток)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 15 ноември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Попис и усогласување на состојбите со осврт на срамнување на сметководствената со фактичката состојба на средствата и изворите и преглед на даночниот третман“ со цел навремено да се информираат трговците за сите подробности во врска со пописот и усогласување на сметководствената со фактичката состојба на средствата, а во насока на обезбедување соодветна подготовка за исполнување на нивната законска обврска во пресрет на законскиот рок за извршување на пописот, кој истекува согласно 31.12.2018 година.
Оваа работилница ќе направи преглед на правната регулатива која го засегнува пописот, со детално објаснување на сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и извештаи, но и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на спроведувањето на пописот. Дополнително, ќе се анализира и даночниот третман на разликите по спроведениот попис.

ПРОГРАМА

I. ПРАВНИ ПРОПИСИ И ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС КАЈ ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

- Закон за трговски друштва:
• Поим на попис согласно законската регулатива;
• Права и обврски на правните субјекти.

- Правилник за начинот за вршење на попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот.

- Предмет на пописот:
• Средства во сопственост на трговецот;
• Средства кои не се во сопственост на трговецот;
• Обврски на трговецот.

- Подготвителни дејствија и потврди на салда на побарувања и обврски.

II. ПРОЦЕДУРИ НА ВРШЕЊЕ ПОПИС И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ КАЈ ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

- Утврдување отстапување помеѓу сметководствена и фактичка состојба и план за усогласување на сметководствената со фактичката состојба;
- Начини на вршење попис;
• Попис на одреден дел;
• Постојан (перманентен) попис;
• Попис со додавање и одземање;
• Попис врз основа на примерок.
- Содржина на пописни листи;
- Вршење попис;
- Усогласување на состојба на попишани средства;
- Пописни комисии;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

III. ПОПИС КАЈ БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

- Формирање пописна комисија и спроведување попис;
- Процедури и активности;
- Попис на опрема и ситен инвентар, залиха на материјали, парични средства и   
  хартии од вредност, побарувања и обврски, туѓи основни средства;
- Пописни листи;
- Извештај за попис;
- Евиденција на разлики по попис;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.
 
IV. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА РАЗЛИКИ ПО ПОПИС

- Оправдан и неоправдан кусок;
- Кало, растур, крш и расипување;
- Книжења – практична работа.

Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки, семинари и
конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 12.11.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права