28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.05.2018


Актуелно  

РЕГИОНАЛНА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП - ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА УСЛОВИТЕ И НАЧИНОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ НАМЕНЕТИ ЗА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РАМКИТЕ НА ТРЕТИОТ СТОЛБ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


На 15.5.2018 година, во Општина Штип, Регионалната  комора со седиште во Штип, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, одржа информативна сесија за отворениот јавен повик за поднесување предлог-проекти  за финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за мерките од третиот столб од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Раководителот на Одделението за спроведување на програми во  Фондот за иновации и технолошки развој, Ирена Ѓоргиевска, ги поздрави присутните, додека  Бисера Јакимовска ги презентираше условите и начините за аплицирање за добивање финансиски средства, кофинансирани грантови и тоа:
- кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („газели“);
- кофинансирани грантови за микро претпријатија;
- кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста и
- кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.

Услов да се аплицира за финансиски средства во рамките на повикот е да станува збор за трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија, кое претставува микро, мало или средно претпријатие против кое не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација, да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси, против него да не се започнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања, како и да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош.

За да биде подобен апликантот за добивање кофинансиран грант за микро претпријатие, покрај исполнувањето на основните критериуми, потребно е да станува збор за микро компанија која има од 5 до 10 вработени и годишен приход до 3.000.000,00 денари. Финансиската поддршка преку инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („газели“) или кофинансирани грантови за микро претпријатија се обезбедува за инвестициски активности поврзани со прифаќање и спроведување на европските технички прописи во однос на безбедноста на производите, активности за анализа, подготовка, стекнување и заштита на правата од индустриска и интелектуална сопственост, подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност, изработка на елаборати за заштита на животната средина, подготовка и воспоставување системи за управување со отпадот, воведување информациони системи, подготовка на развојни проекти за деловно поврзување и воспоставување деловна соработка (во период од 3 до 5 години) со странски инвеститори и домашни претпријатија. Подобни трошоци за финансирање преку овој инструмент за поддршка се трошоци поврзани со изнајмување или изградба на опрема и хали, софтвер, алатки од информатичка технологија, трошоци поврзани со подготовка и реализација на обуки, договорни услуги за истражување и развој и други трошоци поврзани со реализацијата на проектот.
Преку кофинансираните грантови за подобрување на иновативноста, за коишто Ирена Ѓоргиевска посочи дека постои најголем интерес кај компаниите, се обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет на инвестицискиот проект, но не повеќе од 20.000.000,00 денари по апликант, при што е потребно апликантот да биде со доминантно македонска сопственичка структура (од 50,1% или повеќе).

Преку кофинансираните грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица до 29 години се обезбедува финансирање до 30% од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 1.000.000,00 денари по апликант.
Повикот за поднесување предлог-проекти за финансиска поддршка беше објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој на 28.4.2018 година, а истиот ќе биде активен до 11.6.2018 година. Вкупниот буџет за првиот повик изнесува 185.000.000,00 денари, додека вкупниот буџет за 2018 година за финансирање  проекти на малите и средни претпријатија изнесува 645.000.000,00 денари.

Моника Стоичева

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права