20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

01.11.2017 - 05.11.2017


Тренинг обука Прага,  Чешка

СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка


Советување на тема:


СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ

1 - 5 ноември 2017 година
Прага, Република Чешка


        Стопанската комора на Македонија од 1 до 5 ноември 2017 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Прага, Чешка Република на тема: СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ.
        За да го подигнете нивото на Вашата компанија, добро е да преземете улога на „главен комуникатор“, со што ќе бидете сигурни дека вработените ги разбираат Вашите визија, цели и инструкции. Менаџерите како и  вработените  или соработниците, сите сакаат да знаат што барате од нив, што очекувате, што носи иднината и што имате Вие во главата. Но сето ова може да претствува дополнителен напор за Вас, што може да Ви донесе стрес или напнатост и да Ве исфрли од нормален колосек на рамнотежа. За да се справите со тешките ситуации и предизвиците што ги носи работното место, значи дека треба да научите како да се заштитите себе си од професионално согорување или од болеста на денешнината т.н. „BURN OUT“ синдром. Токму тоа е целта на овој семинар - усвојување и практикување на напредни комуникациски вештини користејќи ја теоријата на Трансакциска Анализа (Т.А.) и концептите која таа ги работи во работен контекст.
        Стресот е исто така фактор кој не` исфрла од една Его состојба во друга  или не` исклучува од нормално функционирање. Стресот за нас луѓето претставува дополнителен напор својот систем да го вратиме во внатрешна рамнотежа, а токму на семинарот ќе се зборува за менталната хигиена и начините за справување со стресот, со цел успешно да комуницираме со вработените по хоризонтална и по вертикална линија.
        Комуницирањето со вработените можеби нема да биде едноставно, но сепак напорот вреди бидејки: 
• Сите луѓе се OK!
• Секој има способност да мисли!
• Луѓето одлучуваат за својата судбина и тие одлуки се менуваат!
        Доколку сте мотивирани да вложувате во развојот на сопствениот потенцијал, да ги  намалите напнатоста и стресот, а со тоа и да ги подобрите Вашите комуникациски вештини со што индиректно ќе влијаете врз лицата кои ги менаџирате, како и на Вашите соработници и клинети и  да придонесете врз развојот на сопствените интерперсонални и интелектуални вештини, Ве покануваме на едно заедничко патување каде ќе работиме, учиме и ќе напредуваме на тема: СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ.

        На крајот на советувањето Вие ќе бидете способни да ги препознаете, употребите и да ги унапредите сопствените и туѓите комуникациски стилови во услови на стрес во согласност со правецот - трансакциска анализа.
Способности кои ќе ги добиете како учесник се: стекнување нови знаења од областа на комуникацијата и комуникациските вештини и управување со стресот, кои ќе Ви помогнат успешно да ги развиете своите лични и професионални капацитети.
Програма за работа:
• Вовед во напредни комуникациски вештини;
• Игри на моќ во работен контекс; 
• Интеркативна вежба;  
• Комуникациски вештини за надминување на стрес на работно место; 
• Ментална хигиена како превенција од „согорување“ на работното место.
*Запознавањето на учесниците, нивното претставување и очекување ќе биде изведено со неколку интерактивни вежби додека трае патувањето.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
• За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите;
• за раководители и останати вработени од сите нивоа во секторите за човечки ресурси, правниот сектор, финансии, производство, стручни лица за безбедност и здравје при работа и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.
Предавач:
- м-р Билјана Пешева, професионален обучувач за возрасни и јога инструктор со национално верификувана квалификација. Таа е дипломиран економист на Економскиот факултет – Скопје; има стекнато доквалификација за педагогија и методологија на Филозофскиот факултет во Скопје; а магистрирано на Економскиот факултет од областа Маркетинг во 2007 година. Во своето работно искуство има работено во многу организации за развивање и реализација на проекти за одржлив развој, психо-социјални проекти во граѓанскиот сектор, мултикултурно поврзување, а денес работи во финансиска институција на  проекти за развој на нови современи технологии од областа самоуслужни продукти. Од 2013 година  активно  води обуки, треннинзи и семинари под името Healthy Life Skills (Вештини за здрав живот) за развој на интелектуални и интерперсонални способности наменети за вработени во работни организации и граѓански сектор, Јога ретрити и семинари за здрав живот и за подобрување на физичкото и менталното здравје.

АРАНЖМАН:
Сместување и превоз 
- Цената за сместување во двокреветна соба, на база ноќевање со доручек, превоз со високотуристички автобус, вклучени разгледи со водич во Прага, Виена и Дрезден и вклучена свечена вечера во ресторан, по учесник изнесува 25.600 денари;
- за сместување во еднокреветна соба се доплаќа 2.150 денари.
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта).

Котизација за советувањето:

     - Котизацијата за советувањето изнесува 4.602 денари (3.900 + 18% ДДВ).
Секој втор и нареден учесник од иста организација добива 20% попуст на котизацијата.
     - Превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Прага - Дрезден -  Виена - Скопје (тргнување на 1 ноември 2017 година, во 12:30 часот и враќање  на 5 ноември 2017 година во вечерните часови);
     - 3 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел со 4* www.nazamecku.cz ;
     - свечена вечера во традиционален ресторан;
     - користење конференциска сала;
     - кафе и освежување за време на паузата на советувањето;
     - разглед со туристички водич во Прага и разглед во Дрезден и Виена. 
 
      Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување, влезници во културноисториските споменици и индивидуални факултативни трошоци.

*   Поради ограничен број на места, крајниот рок за пријавување е до 20 октомври 2017 година.
* Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата.

Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелот.

Сигурна реализација е со пријавени 15 учесници.
     
 За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  сертификат за присуство на семинарот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права