19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

21.01.2019 - 21.01.2019


Семинар ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА,  Македонија

ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА


Еднодневен семинар на тема:

ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

30.01.2019 година (среда)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          За да успеете во бизнисот денес неопходно е брзо приспособување на условите на пазарот, за што предуслов е флексибилноста на компанијата и нејзината способност за реорганизација, како и пристапот до финансии, односно до капитал. Во динамично окружување компаниите мора да се во состојба брзо да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат и максимум да ги искористат капацитетите со кои располагаат, со цел да ја зголемат продуктивноста, сопствената конкурентност и да овозможат раст на компанијата.
          Пристапот до финансии во континуитет претставува еден од главните ограничувачки фактори на развојот на претпријатијата во Република Македонија. Честопати, претпријатијата не се информирани за различните можности кои им стојат на располагање. Исто така, продуктивноста во Република Македонија е значително пониска од просекот на ниво на Европската унија, што индиректно упатува на помала конкурентност на нашите претпријатија, а продуктивноста станува еден од ограничувачките фактори за нивен развој. Во вакви услови, покрај технологијата, односно опременоста на трудот, компетенциите и вештините на вработените, како и организацијата на работата се од исклучително значење.   

Цел на семинарот

          Проширување на хоризонтите за можностите кои стојат на располагање, како во делот на пристап до финансии, така и во делот на зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето на претпријатијата, имајќи ги предвид постојните ресурси со кои располагаат. Оваа обука ќе обезбеди практични информации за можностите за пристап до финансии во рамките на финансискиот систем во Република Македонија, но и преку програмите и мерките за финансиска поддршка кои ги нудат различните државни органи и институции. Исто така, на обуката ќе биде презентирано како да постигнете успех со примена на практични алатки со кои може да се подобри организацијата на работењето во претпријатието на кус рок и максимално да се искористи потенцијалот кој е на располагање.

Програма:



1. Пристап до финансии во Република Македонија: во рамки на финансискиот систем;
2. Пристап до финансии во Република Македонија: во рамки на државни органи и институции;
3. Работни задачи согласно компетенции и вештини - практична вежба и
4. Организација - зголемување на ефикасноста во компанијата со примена на софтверски решенија и автоматизација на процесите.


За кого е наменет семинарот:

          За секој вработен кој цели кон континуиран личен развој и остварување на зголемени резултати во компанијата и нејзин раст, како и за раководители со визија за унапредување на работењето на компанијата, преку ефикасна организација на нејзината работа.

Предавачи:

- Анета Димовска, економист со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Министерството за финансии и во Министерството за економија на Република Македонија. Нејзиниот професионален ангажман е насочен првенствено кон подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија, со особен акцент на областите даночна и царинска политика и пазар на труд;

- Катарина Чилиманова Јордановски, економист, магистер од областа на Бизнис администрација. Таа поседува долгогодишно практично искуство на раководна позиција во областа на финансии во компанија од телекомуникацискиот сектор, како и работно искуство од областа на финансиите во енергетскиот сектор.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

          Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 24.01.2019 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права