ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
24.05.2019 👁 Прочитано: 553

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“


Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.

“НЛБ Банка отсекогаш била и во иднина уште посилно ќе биде посветена на луѓето, на нашите клиенти, но пред сè, на нашите сегашни и идни вработени. Ние сме голема Банка, семејство од над 900 луѓе. Постојано инвестираме во луѓето, грижливо ги третираме и се трудиме да им овозможиме работно опкружување кое ќе ги сплоти нивното знаење и инвентивност со идните потреби на клиентите и заедницата. Продолжуваме да креираме современи и предизвикувачки работни места за успешни кариери. Поттикнуваме личен развој, верувајќи дека растот е битна состојка на личната среќа. Нам ни е најваважно нашите вработени да се среќни, како на работното место, така и во приватниот живот, затоа што задоволни вработени се грижат и за среќни и задоволни клиенти.” – се вели во објавата на социјалните медиуми на банката.

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“