05.09.2017 (Семинар)
РАСКИНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ДОГОВОРИ, УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ, ПОНИШТУВАЊЕ НА ИСТИТЕ И ПРАВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ КОИ ГИ СЛЕДАТ ОВИЕ ИНСТИТУТИ

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

12.09.2017 (Семинар)
Дводневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

14.09.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

26.09.2017 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

28.09.2017 (Семинар)
СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА (ПРЕТХОДНИ И ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ) И ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

28.09.2017 (Семинар)
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

29.09.2017 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

18.09.2017 - 19.09.2017


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО


Дводневен тренинг:

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО
18-19.9.2017 година (понеделник-вторник)
9:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

     Стопанската комора на Македонија организира дводневен тренинг на тема: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО.
     Програмата за тренинг-обуката е дизајнирана и наменета за раководители и професионалци кои се на раководни позициии и раководат со своите тимови, кои се стремат кон подобро, кои целосно и темелно ја разбираат својата лидерска позиција и го водат тимот.

     Програмата е наменета и дизајнирана за секој кој сака да ги оствари своите максимални тимски резултати како тим лидер, секој кој сака да научи како да креира конструктивен работен амбиент, а  притоа земајќи ги предвид  различните особини и динамиките во работењето внатре во тимот.

     Целта на програмата на оваа тренинг обука е после завршувањето на истата, учесниците да се стекнат со следниве вештини:


• Разбирање на значењето и улогата на лидерската позиција;
• Моќ на препознавање и унапредување на лидерскиот стил;
• Унапредување на вештините за коучинг и делегирање на задачи;
• Унапредување на ефискасноста на тимот;
• Препознавање на процесите за ефикасно раководење со тимот и спроведување на компаниска стратегија;
• Да бидеш во можност за направиш и да имплементираш развојни планови за членовите на својот тим;
• Правилно да го разбереш значењето и процесот на движење низ промените и успешно да се водиш по нив.

ПРОГРАМА:

• Улогата и значењето на лидерската позиција;
• Водење на тимот по пат на личен пример - концепти и лидерски стилови;
• Ефикасно делегирање;
• Давање на feedback;
• Коучинг;
• Влијание без позиција.


Предавач:
- М-р Младен Васиќ, извршен директор, консултант и тренер со 15-годишно интернационално работно искуство, стекнато во некои од поголемите глобални компании како што се „NIS Gazprom Neft“, „Knauf Insulation“, „Tetra Pak“ и „British American Tobacoo“ SEE.
Работејќи на највисоките раководни позиции во различните индустрии (директор на дирекција за маркетинг во „NIS Gazprom Neft“, директор за маркетинг за Јужен Балкан и в.д. директор за продажба за Албанија и Косово во „Knauf Insulation“), м-р Васиќ успешно ги води тимовите како директор на посебни маркетинг сектори со повеќе од 40 вработени во тимот, притоа дополнително спроведувајќи комплексни проекти за развој на работењето, лансирање на нов бренд на пазарот во Југоисточна и Централна Европа и Централна Азија со високи резултати. Како едни од позначајни проекти се за лансирање на брендираните горива и тоа: Ultra D, G-drive, лансирање на брендот „Gazprom Petrol Stations“ во Југоисточна Европа, како и прмоција на картичката лојалити Супер Картичка на „NIS Gazprom Neft“.
М-р Младен Васиќ има завршено мастер студии на Економскиот факултет во Ниш и својата доспецијализација ја усовршува во Лондон, Њујорк и Илионис. Квалификуван корисник е на MBTI инструмент за анализа на личностите од страна на Американската Асоцијација за менаџери - Њујорк 2007.
Активно учествува во дефинирање на организациони, тимски и персонални потреби за унапредување на работењето и успешно водење на тимовите, како и креирање и спроведување на конкретни тренинзи проекти кои биле високо наградени.


Работен јазик: српски

За сите учесници на тренинг обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
    - сертификат за присуство. 

Рок за пријавување: 8.9.2017 година. 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права