Семинар 05.02.2020 ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА

Стопанска комора на Македонија

Еднодневен интерактивен семинар на тема:

ИНКОТЕРМС 2020

-РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-

5 февруари 2020 година, од 12:00 до 18:00 часот
сала 1 на 5-ти кат, Стопанска комора на Македонија

Семинарот дава одговори на следните прашања:


Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење  содржи Инкотермс правило?
Што значи новото правило DPU?
Што е разликата помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020?

Кога имам контејнер дали треба да употребам FOB или FCA?
Чиј е ризикот кога стоките патуваат со правилото CPT (CPT Skopje)?
Што е разликата помеѓу CIP и CIF?

Како влијаат правилата ИНКОТЕРМС 2020 на царинската вредност?
Кои главни обврски ги имаат страните во секое одделно правило?
Како правилно да ги употребувам правилата ИНКОТЕРМС 2020?
 


Во насока на суштинско разбирање на најупотребуваните термини во меѓународната трговија со кои се олеснува размената на стоки и кои помагаат да се избегнат недоразбирањата меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија,  организира  интерактивен семинар на тема: ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА - , што ќе се одржи на  5.2.2020 година (среда), од 12:00 до 18:00 часот.
  
ПРОГРАМА:

- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
- Предностите на ИНКОТЕРМС
- Тие се дел од Договорот за ...?
- Што одредува, а што не, ИНКОТЕРМС 2020?
- Поделба во 2 и 4 групи;
- ИНКОТЕРМС 2020 и институтските карго-клаузули за осигурување на стока;
- ИНКОТЕРМС 2020 и царинската вредност;
- Како правилно да се користат правилата ИНКОТЕРМС 2020?
- Главни разлики помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020
- Кое правило е укинато, а кое е ново?
- Поединечните карактеристики на сите правила ИНКОТЕРМС 2020:
  EXW, FCA, CPT, CIP, DAP,DPU, DDP, FAS, FOB, CFR, CIF.
-Примери од практиката

Целна група:

Семинарот е намененет за: продавачи, купувачи, извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, царински работници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со национална и меѓународна трговија, логистичари, финансии и слично.

Предавач:

-Карло Змајшек,  директор на Центарот за шпедиција во Макпетрол А.Д. Скопје, консултант со 30-годишно искуство во извозно-увозното работење и носител на авторските права за ИНКОТЕРМС 2010 на македонски јазик со одобрение на Меѓународната трговска комора од Париз.
            
За сите учесници е обезбедено:
- работен материјал
- ручек, кафе и освежување
- сертификат за присуство

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 31.1.2020 година. Групата е ограничена на 25 учесници.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Конференција, 27.09.2020
ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ТУРИЗМОТ КАКО ПРЕДИЗВИК НА НОВОТО ВРЕМЕ
Семинар, 29.09.2020
ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 01.10.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 06.10.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Семинар, 14.10.2020
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ, ИЗБОР НА КОМИСИЈА ЗА НЕГОВО ИЗГОТВУВАЊЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ ЗА ТЕКОВНА 2021 ГОДИНА ВО ПРЕДВИДЕН ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО ДРЖАВЕН АРХИВ НА РСМ
Семинар, 15.10.2020
ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИСТИОТ
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“