Стопанска банка АД - Скопје доби благодарница од Министерството за здравство
➢ Актуелно (20.08.2020)
👁 Прочитано: 2092



Стопанска банка АД - Скопје доби благодарница од Министерството за здравство

Од почетокот на пандемијата, Стопанска банка АД – Скопје одговорно делува преку бројни активности за заштита на здравјето на вработените, клиентите и на пошироката заедница.

Банката инвестира во едукација, во подобрување на хигиената, вложува во опрема за заштита на работното место и во достапноста преку 24/7 дигиталните канали и услуги.

Дополнително, во повеќе наврати Стопанска банка АД – Скопје донираше вредна опрема во клиничките центри и институциите кои се грижат за здравјето на граѓаните.

Токму поради целата таа посветеност за брзо и полесно надминување на корона кризата, Министерството за здравство и додели благодарница на Стопанска банка АД – Скопје за придонесот и ангажманот при справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид-19.

„Благодарноста која ја имаме за здравствените работници е огромна и се радуваме доколку успеавме да им бидеме од помош во оваа битка со коронавирусот.”, велат од Стопанска банка АД – Скопје.

Стопанска банка АД-Скопје е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија и активно е вклучена во работата на органите и телата на Комората.

Влатко Стојановски
советник во Стопанска комора на Македонија