29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

14.06.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

22.03.2017 - 22.03.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар:ИНТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА, УПРАВУВАЊЕ СО ТИМОВИ И ИНТЕЛЕКТУАЛЕН КАПИТАЛ


Еднодневен семинар:

ИНТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА, УПРАВУВАЊЕ СО ТИМОВИ И
ИНТЕЛЕКТУАЛЕН КАПИТАЛ

22.3.2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Пораст на комплексноста во работното окружување, предизвикано од глобализацијата и постојаниот напредок на технологијата, има големо влијание врз процесот на управувањето со тимовите. Однесувањето на луѓето на работа, односно во организацијата е главен  детерминатор во комплексниот процес на управување каде главен виновник е човечкиот фактор. За таа цел, тимовите мора да се составени од луѓе со работни вештини поврзани со проблемот со кој се соочуваат и да користат ефикасни канали на комуникација поддржани од желбата на членовите да споделат идеи и знаење.
Семинарот ќе опфати практични примери за зголемување на продуктивноста на вработените, подобрување на релациите со стеикхолдерите, како и користење на расположливите ресурси на најдобар можен начин. Учесниците на семинарот ќе добијат одговор на прашањата:
- Како да ја подобрат интерната комуникација во компанијата и како истата влијае во процесот на управување со тимовите?
- Како окружувањето се рефлектира врз стекнатото знаење на членовите во тимот?
- Како стекнатото знаење да стане вреден имот т.н. интелектуален капитал во компанијата?
Семинарот е наменет за: менаџери и раководители, вработените во компаниите, професионалци и експерти за човечки ресурси кои се одговорни за управување на нивните корпоративни тимови, проекти и луѓе, како и за сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот.

ПРОГРАМА:

•Дефинирање и елементи на интелектуален капитал во компаниите;
•Природата на организациското однесување;
•Основи на интерната комуникација;
•Интерперсонална комуникација;
•Начини да се подобри тимската работа;
•Индикатори за тимска работа.

Предавачи:
- Михаил Китановски, сопственик и управител на „Д2ЕМ“ Консалтинг со повеќе од 15 години консултантско искуство во 14 земји во светот. Главна експертиза во областите: Организациски инженеринг; Balanced Scorecard; Системски дел и процес на продажба; Лидерство и управување; Оптимизација на производствени процеси; Стратешки менаџмент и Бизнис планирање; Менаџмент на финансии, како и Имплементација на меѓународни стандарди;
- Ивона Каранфиловска, дипломиран економист, соработник во Стопанската комора на Македонија.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-работен материјал;
-ручeк и освежување;
-сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 17.3.2017 година.


 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права