23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Основни информации

Здружение на осигурувањето


Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија беше конституирано на 22.02.2005 година, со заемна едногласна одлука на тогаш актуелните друштва за осигурување. Денес во него доброволно членуваат сите 15 друштва за осигурување, како и друштва од вториот столб на пензиското осигурување.

Клучната улога и функција на Здружението на осигурувањето е да ги обедини ставовите и мислењата на сите осигурителни друштва, со цел активно присуство и партиципирање во актуелните прашања или проблеми, од сите аспекти кои директно или индиректно имаат влијание на осигурителната дејност или би можеле на каков и да било начин да влијаат на работата на осигурителните друштва и клиентите.

Почитувајќи ги Правилата за организацијата и начинот на работа, Здружението има Управен одбор како орган на управување. Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Здружението. Здружението има заменик-претседател, кој, по овластување на претседателот, раководи со состаноците на Управниот одбор.

На седница на Здружението на Осигурување одржана на 19.12.2017 за претседател на Здружението во следниот мандатен период од две години беше избран Ѓорѓе Војновиќ од „Триглав осигурување“ АД - Скопје, За заменик-претседател на Здружението на осигурувањето е избрана Елена Наумова од „Евроинс осигурување“ АД - Скопје.  

Здружението на осигурување за мандатниот период 2015-2020 година го избра својот претставник во Собранието на Стопанската комора на Македонија од Еуролинк осигурување АД Скопје, г-динот Дарко Атанасовски.

Во работата на Здружението на осигурување активно учество земаат сите осигурителни компании во Република Македонија. Во 2017 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно има 16 друштва за осигурување. Од тие 16 друштва, 11 вршат работи на неживотно осигурување, додека 5 друштва вршат осигурување на живот. 

 Исто така, во оваа дејност функционираат 33 осигурително брокерски друштва, што упатува на атрактивноста на осигурителниот пазар, 14 друштвата за застапување, 3 деловни банки кои делуваат како застапници во осигурување; 469 лиценцирани брокери и 1.065 лиценцирани застапници во осигурување.

Осигурително брокерските друштва се здружени во Асоцијација која делува во рамките на Комората согласно нивниот интерес на здружување.

Во дејноста осигурување функционира и Национално биро за осигурување.
Регулатор на осигурителната дејност е Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Здружението на осигурување работи согласно актите на Комората и согласно Правилата за организација и начинот на работа на Здружението.

Одлука за изменување и дополнување на Правилата за организација и начинот на работа на Здружението на осигурување

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Влатко Стојановски
Тел: (02) 32440004 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: vlatko@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права