25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

26.10.2018 - 26.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА


Еднодневен семинар:

УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

26 октомври 2018 година
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Со цел подобрување на вештините на компаниите (концесионери) во писмената комуникација со концедентот и управните органи, изготвување стратегии и решавање на тековни проблеми, Стопанска комора на Македонија на 26 октомври 2018 година, организира еднодневен семинар на насловната тема.
          Семинарот ќе помогне концесионерите да се стекнат со знаења и искуства за тоа како да ги менаџираат правилно документите кои се потребни за добивање дозвола за експлоатација, како да ги толкуваат роковите, да се стекнат знаење за правните механизми/лекови за заштита на нивните права, како и кои се условите за одземање на една концесија, а кои се за пренос на концесија. 
          Семинарот е наменет за друштвата кои се учесници во постапка за добивање на концесија за детални геолошки истражувања/експлатација, тековни концесионери, баратели на дозвола за експлоатација и други правни и физички лица заинтересирани во областа на минералните суровини.
          Освен излагањето на предавачите, активно учество со поставување прашања и споделување искуства ќе имаат и учесниците.


ПРОГРАМА:

- Управни постапки предвидени во Законот за минерални суровини и рокови за постапување на државните органи по барањата на концесионерите;
- Правни механизми за заштита на правата на концесионерите во постапките пред државните органи; 
- Постапка за добивање дозвола за експлоатација и тоа како да се пристапи кон правилно изготвување на цела потребна документација, кој документ има предност, анализа на секој документ посебно и менаџирање на постапката;
- Имотно-правни проблеми кои можат да се јават во постапката за добивање на дозвола за експлоатација и нивно надминување;
- Услови за одземање или престанок на важење на концесија и/или дозвола за експлоатација;
- Постапка за пренос на концесија или на удели и акции кај концесионерите.

Предавачи:

- д-р Eјуп Љатифи, раководител на Секторот за минерални суровини во Министерството за економија.
- м-р Александра Митреска, советник во Секторот за минерални суровини во Министерството за економија.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
   -  работен материјал;
   -  ручeк и освежување;
   -  сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 20 октомври 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права