11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

14.11.2018


Актуелно  

РАЗВОЈНА КОМПОНЕНТА НА ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ОД ЕКОНОМСКАТА ОБЛАСТ


На 14.11.2018 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија одржа седница и расправаше за предложените закони од економската и финансиската област, што се од интерес на членките од ИТ-секторот.

Компаниите - членки на Здружението сметаат дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот на Република Македонија е во сеопфатното зафаќање од сите субјекти и елиминација на „сивата“ економија, вклучувајќи го и нерегулираниот бизнис преку интернет.

Посебно внимание треба да се насочи кон искористување на сите расположливи можности за рационализација на расходите и нивна максимална реализација во функција на развојот и динамична стопанска активност. Потребено е перманентно следење на билансите на приходите и расходите, во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги, вложувања во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем, но и рационализација на процесите на државната администрација.

Укажувањата се дека вакви системски промени, најавени на крајот од годината, се дополнителен притисок врз стопанството и не се донесени во партнерски однос со стопанството, без навремено усогласување за да можат субјектите да го приспособат своето работење, особено при утврдувањето на финансиските планови за следната година.

Членките на Здружението побараа преиспитување на термините за  стапување во сила на предложените закони, со цел спроведување на широки консултации за оценување на ефектот врз ефективното работење, продуктивноста и деловното опкружување.

Лазо Ангелевски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права