ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Успешни приказни
16.08.2019 👁 Прочитано: 608

КАНАДСКА КОМПАНИЈА ГО ПРЕТВОРА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД ВО ДИЗЕЛ И БЕНЗИН


Канадската компанија  Sparta Group успешно го спроведува пилот проектот Phoenix и од сеприсутниот пластичен отпад произведува дизел гориво и бензин.
Компанијата денес објави дека проектот веќе дава резултати и дека добиеното гориво веќе го користи за потребите на сопствениот возен парк.
”Пет тони нерециклиран пластичен отпад може да се претворат во 4.000 литри гориво“, изјави Џон О’Бирек, претседател на компанијата со седиште во градот Витби, недалеку од Торонто.

Пластичниот отпад прво се сече на мали парчиња, а потоа се раствора на високи температури без кислород за да не се запали. Оваа технологија третира пластичен отпад кој најчесто завршува како загадувач на животната средина.
”Пластиката во природата останува илјадници години. Ние, индустријалците, треба да најдеме начин да ја тргнеме од природата и да ја направиме корисна“, изјави О’Бирек.
Уште еден сличен проект во Канада го спроведува и компанијата Sustain. Најавено е дека годишно ќе се рециклираат до 50.000 тони пластичен отпад.

Превземено од: Денар.мк
https://denar.mk

КАНАДСКА КОМПАНИЈА ГО ПРЕТВОРА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД ВО ДИЗЕЛ И БЕНЗИН