Семинар / 19.09.2019

БЛАГАЈНИЧКО ДЕНАРСКО И ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

БЛАГАЈНИЧКО ДЕНАРСКО И ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ

19.9.2019 година
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Овој семинар пред се`, има за цел да го опфати работењето со благајната/ касата. Секој учесник ќе се сретне со документи кои го потенцираат сегментот од благајничкото работење на една компанија. Ова, од друга страна, ќе не` донесе до правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско, девизно, благајничко работење и работењето со дневниот промет (малопродажбата).

На еднодневниот семинар ќе им се овозможи на присутните правилно да ја применуваат благајничката работа во делот на препознавање и откривање на евентуални лажни пари и бенефитот од користење на апоенски состав на парите.

Семинарот е наменет за секој кој сака да се здобие со подлабоко разбирање од областа на благајничкото работење - благајници во компании, сопственици на компании кои имаат благајничко работење, но и секој кој е во контакт со ефективни наши и странски пари.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Која е сметководствената разлика помеѓу денарската и девизната благајна и како истите функционираат?
- Кои се задолжителни благајнички обрасци за евиденција на влезот и излезот на парите?
- Што значи купување девизи на девизен пазар – откуп и подигање девизи за службен пат?
- Која е разликата помеѓу трошковна и уплатна благајна?
- Како да се заштитиме од евентуалните лажни пари?
- Како да ги препознаеме евентуалните лажни пари?
- Кои се заштитните елементи на книжните пари?
- Колку помага користењето на апоенскиот состав на парите во точноста на парите во каса?
- Што е Одлука за касов максимум и кој треба да ја има?
- Како да го изготвиме Правилникот за благајничко работење?

ПРОГРАМА:

- Денарска благајна
  • Каса прими (основи за прием на пари - патни, материјални трошоци, дневен пазар и сл.);
  • Каса исплати (основи за исплати - дневници за службени патувања во земјава, материјални трошоци, аванси на вработени, дневен пазар и сл.);
  • Благајнички дневник (благајнички извештај за промените во касата);
  • Сметководствено бележење на благајната (најчесто класа 1 и класа 4).

- Девизна благајна
  • Откуп и подигање на девизи од банките по основ средства за службен пат во странство;
  • Девизни трошоци (хотел, авионски билети, влезници за семинари и саеми, такси);
  • Благајнички дневник за девизи (благајнички извештај за промените во касата);
  • Сметководствено бележење на девизната благајна (најчесто класа 1 и класа 4).

- Заштита и препознавање од евентуални лажни пари
  • Машини за обработка на книжни пари за употреба за благајници / работници во компании;
  • Заштитни елементи на книжните пари;
  • Користење евиденција за апоенски состав на парите.                  

- Благајната во даночната регулатива;
- Правилник за благајничко работење;
- Одлука за касов максимум.

Семинарот ќе резултира:

- Подлабоко разбирање на пропишаните законски регулативи  за благајничкото работење;
- Благајник кој умее да се заштити од евентуалните лажни пари;
- Благајник кој добро ги разбира странските како нашите пари, а со тоа благајничкото работење со странски валути;
- Правилна пресметка на дневници за службен пат во земјата;
- Правилна пресметка на дневници за службен пат во странство.

Предавач:

Мери Каровска, дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Таа е предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Исто така, има искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација „Achieve Global“ потоа „Link Across“ и Американ колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран корисник. Паралелно, триесет и две години работи со сметководство на здруженија, фондации и компании со различни дејности. Во поново време, соработува со буџетски институции. Има искуство и како финансов директор во ИТД Дистрибуција - Скопје, една од водечките компании во ИТ-секторот кај нас, членка на „Инфософт“ Групацијата. 
Мери Каровска е управител на лиценцираната компанија за економско-сметководствени услуги „Каровска“ ДООЕЛ од Скопје.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 17.9.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА -
Семинар, 23.01.2020
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ
Семинар, 23.01.2020
КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016
Семинар, 24.01.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ
Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција