11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

10.09.2018 - 12.09.2018


Конференција Хотел „Мона“ - Златибор,  Србија

Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE


 

САМИТ ЗА ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ ВО ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА
„Mountain Resort Summit Central Europe - MoReSCE“
10-12 септември 2018 година
Хотел „Мона“ - Златибор, Р. Србија


     Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, ве поканува да бидете дел од овогодинешниот Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE, што ќе се одржува во периодот од 10-12 септември 2018 година, во хотелот „Мона“ - Златибор, Р. Србија.


     Организатори на овогодинешниот Самит се Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Р. Србија, Јавното претпријатие „Скијачки одморалишта на Србија", Централноевропската иницијатива и Центарот за туризам, истражување и студии.


     Целта на Самитот којшто оваа година се организира на тема: „Развивање на планинскиот туризам“ е пред се` да се разменат позитивните практики и искуства во делот на инвестициите, иновациите брендирањето, промоцијата и подигањето на конкурентноста на планинскиот туризам,  но и да се поттикне и продлабочи меѓусебната регионална соработка во областа.


     На дводневниот Самит, покрај можноста да се запознаат со најновите стратегии за развивање на  планинскиот туризам , компаниите ќе имаат можност да се сретнат и со експерти во своите области и претставници на:
- регионалните агенции за поддршка и промоција на туризмот;
- локалните самоуправи и општини од планинските предели на соседните држави;
- локалните и меѓународните асоцијации и здруженија за развој на планинските предели, како и зимскиот и авантуристичкиот туризам, спа и велнес туризмот и еко туризмот;
- како и потенцијални инвеститори.

Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници на овогодинешниот Самит овозможува бесплатно учество на истиот.

     Патните трошоци и трошоците за сместување се на товар на учесниците. Хотел „Мона“ - Златибор, за сите учесници на самитот овозможува и дополнителен попуст за сместување. За дополнителни информации околу сместувањето, обратете се кај назначеното лице за контакт.


     Ги покануваме сите заинтересирани учесници, своето учество да го пријават со пополнување на пријавниот лист што е во прилог и да го достават до лицето за контакт, најдоцна до 11 јули 2018 година (среда).

     За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Даниела Михајловска Василевска, тел: 02 32 44 021; е-адреса: daniela@mchamber.mk

 


 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Даниела Михајловска
Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права