ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
25.05.2019 👁 Прочитано: 1180

АЗЕСКИ И ГОЛУБОВИЌ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА КИФ ВО ПОДГОРИЦА НА СРЕДБА СО ПРЕМИЕРИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА


Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески кој е и заменик-претседател на Управниот одбор на КИФ – коморскиот инвестициски форум  и претседателот на Стопанската комора на Црна Гора Властимир Голубовиќ, остварија средба со премиерите на нашата земја и Црна Гора, Зоран Заев и Душко Марковиќ, во пресрет на Форумот на претприемачи на Црна Гора и Северна Македонија во Подгорица.  Состанокот се одржа во канцеларијата на КИФ во Стопанската комора на Црна Гора, што е само потврда дека во центарот на Балканот веќе се работи на регионалните активности како поддршка на коморските институции.

Премиерите беа запознаени со досегашните активности на КИФ во рамки на кој веќе се работи на создавање на електронска платформа која треба да  придонесе за промовирање на Балканот како единствена дестинација за инвестирање. Многу скоро, преку КИФ треба да почне и спроведувањето на регионалниот проект за подобрување на образовниот систем согласно кој треба да се создаде рамка во согласност со потребите на пазарот на трудот.

АЗЕСКИ И ГОЛУБОВИЌБалша Чулафиќ, координатор во канцеларијата на КИФ во Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, потпретседател на КИФ и претседател на Стопанска комора на Македонија

Азески како заменик претседател на КИФ подвлече дека фактот што во Стопанската комора на Црна Гора функционира канцеларија на КИФ е само потврда дека во центарот на Балканот веќе се работи на регионалните активности како поддршка на коморските институции.

При тоа подвлече дека преку КИФ се градат два столба за регионот. Едниот треба да го поддржи креирањето на заеднички институции за Абитража, Кредитно Биро и за поедноставување на царинските процедури што ќе го олесни протокот на стоки и патници на граничните премини меѓу државите од регионот на Западен Балкан. Вториот столб треба да ги поддржи активностите за креирање заеднички производи на Балканот. За таа цел се обезбедени и финансиски средства од германски, австриски и јапонски донатори во вкупен износ од 100 милиони евра, од кој половина односно 50 милиони евра, се грант од Германската развојна банка KFW.

КИФ како коморска организација во која членуваат бизнис асоцијациите од земјите од Западен Балкан беше основана во 2015 година, како иницијатива на Берлинскиот процес. Ги претставува интересите на 350.000 компании од целиот регион, а неговата работа се фокусира на развојот на регионалната соработка, која придонесува за создавање на единствена економска област на просторот на Западен Балкан.

Даниела Михајловска Василевска