24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.04.2017


Актуелно  

Развој на приватниот здравствен сектор - БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ТУРСКИ КОМПАНИИ ОД ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕКТОР


Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, Стопанската комора на Македонија, во соработка со МАТТО - Стопанската комора на Македонија-Турција и Трговската комора на Измир, организираа билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании од Измир.

На билатералните деловни средби што се одржа на 20 април 2017 година, во хотелот „Холидеј Инн“ во Скопје, учествуваа 22 компании од Турција и 20-тина компании од Македонија.  

На деловните средби учествуваа македонски и турски компании од секторите за информатичко-комуникациски технологии и здравство (опрема и услуги за здравствени установи), со цел унапредување и зголемување на заедничката соработката меѓу компаниите од овие дејности од двете земји, заедничко учество во ЕУ-проекти, настап на трети пазари и др.

 

Од името на Стопанската комора на Македонија пред присутните се обрати д-р Андреја Арсовски, претседател на Групацијата на приватни здравствени установи во рамките на Асоцијацијата за здравство при Стопанската комора на Македонија. Тој го поздрави овој настан и гостите од Измир. Во своето обраќање д-р Арсовски накратко го претстави здравствениот систем во Република Македонија, притоа истакнувајќи дека во Македонија има јавно здравство, коешто се финансира од Фондот за здравствено осигурување, но во последните 20-тина години се појавија и приватни здравствени  установи. Во најголем дел услугите на приватните здравствени установи се покриваат од самите пациенти, но мал дел и од Фондот за здравство. Во наредниот период се очекува со зголемување на приватното здравствено осигурување да се зголеми и бројот на пациенти во приватниот сектор.

Д-р Арсовски исто така истакна дека приватниот здравствен сектор во Македонија е отворен за инвестиции од странство. Резултат на тоа се инвестициите во „Аџибадем Систина“, во Европската очна болница, „Санте +“ и во Дијагностичкиот центар во Тетово. Затоа, д-р Арсовски се надева дека и денешниот форум ќе биде во правец на зголемување на инвестициите бидејќи навистина постојат бројни можности за натамошна соработка.
 
Според д-р Арсовски, во Турција е доста развиен здравствениот туризам, додека во Македонија оваа гранка е на почетокот. Тој се надева дека има големи можности во приватниот здравствен сектор за да се развие здравствениот туризам и во Македонија. -Со оглед на капацитетите кои ги има турскиот здравствен систем и турските компании мислам дека ова ќе биде само еден вовед во натамошна успешна соработка затоа што постојат многу можности кои треба да се искористат, - изјави Арсовски.

На крајот од своето излагање, д-р Андреја Арсовски ги покани присутните да се испитаат сите можности за соработка преку Групацијата на приватните здравствени установи при Стопанската комора на Македонија.

Пред присутните се обратија и госпоѓа Марија Томевска, потпретседател на МАТТО, како и господинот Емре Илалан, член на Управниот одбор на Трговската комора на Измир.

Република Македонија и Република Турција во изминатиот период имаат создадено значителни стратешки врски, а економската размена изнесува над 450 милиони евра. Сепак, постои простор и интерес за зголемување на трговската размена и за  нови  инвестиции од Турција, особено  во областа на ИТ и во здравствениот сектор.

Од Трговската комора на Измир се надеваат дека ќе се воспостави соработка и контакти со компании од ИТ-секторот и од здравствениот сектор со цел за да се зголеми соработката меѓу двете земји.

Станка Дамјановска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права