25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

04.10.2018


Актуелно  

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со своите активности, одржано предавање на тема „РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ“


Изминатите неколку години вложувањето во развојот на вработените е во голем пораст и компаниите се подготвени да издвојат повеќе пари за своите вработени. Минатите години за развој на своите вработени, светските компании издвоиле дури 130 милијарди САД долари. Тоа е доказ дека квалитетот на работата, мотивацијата и продуктивноста на вработените не може да ги одржуваат само високите плати и бонуси на крајот на годината.

За да се следат промените на пазарот и во начинот на работење, неопходно е компаниите да ги едуцираат своите вработени за да се приспособат на моменталната состојба и за да можат вработените да ги стекнат потребните вештини кои ќе им помогнат во изградбата на своите кариери. Една од клучните желби кај вработените е желбата за напредок. Ако таа желба се совпадне со желбата на компанијата и истата вложи во развојот на тој вработен, добивате среќен и мотивиран работник. Исто така, на тој начин, компаниите покажуваат грижа за својот вработен, а кај вработениот се создава чувство на лојалност кон компанијата. Лојалниот вработен ќе биде мотивиран за работа, а со самото тоа тимот ќе биде попродуктивен.

Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџери-претприемачи, на 4.10.2018 година, се одржа предавањето на темa: „Развој на вработените“, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој „Симбиотика“.
Според Ѓуров, развојот претставува континуирана активност за подобрување на капацитетите на вработените и на менаџерите за справување со различни задачи и градење на способности над оние што се бараат за моменталното работно место. Развојот е корисен и за индивидуата и за организацијата затоа што луѓето со соодветно искуство и способности можат да ѝ помогнат на организацијата да се приспособува на промените и да продолжи да расте.

Постои разлика помеѓу обука и развој на вработените и на менаџерите и многу организации се фокусираат на развојот како алатка за зголемување на севкупното ниво на способности и знаења во една организација и во последно време се нарекуваат организации што учат. Овие организации се свесни дека мора да поседуваат одлични вработени и менаџери кои постојано учат и решаваат предизвици и проблеми што сè уште не ги решиле другите организации и конкуренцијата. Развојот на вакви вработени и менаџери бара организациите да имаат способност за учење преку континуирано и тимско решавање проблеми и учење на нови алтернативни начини. Овие организации приоритет ставаат на учењето преку соработка, размена на информации, култура и водство што ја охрабрува и ја потенцира важноста на учењето на секој поединец во организацијата.
Според д-р Ѓуров, клучна улога во претставувањето и промовирањето на стратегијата за човечки ресурси има ТОП менаџментот. Ако биде доволно уверлив во своите аргументи  за предложената стратегија, вработените ќе ја прифатат и ќе веруваат во посветеноста на менаџерскиот врв.

Процесот на планирање на развојот на вработените вклучува идентификација на развојните потреби на вработените, избор на развојни цели, дефинирање на активности неопходни за да се остварат поставените цели, дефинирање на квантитативните индикатори на прогресот во остварување на целите и формулирање на временскиот распоред на активности. Компаниите кои паметно вложуваат во развојот на своите ресурси, свесни се за големото значење на мотивираните вработени за успехот на компанијата. Тие користат микс од финансиски бенефиции кои ги нудат на своите вработени, но модерните теоретичари сметаат дека материјалните бенефиции немаат толку големо влијание на мотивацијата колку што има структурата на самото работно место.

Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права