26.04.2017 (Конференција)
Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

24.02.2017 - 24.02.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ


Еднодневен семинар на тема:
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

24.02.2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Оптимизација на производството и управување со проекти во реална околина, претставува клучен предизвик за многу компании кои како главни процеси имаат различни типови на производство, поради фактот дека во 2017 година потребно е да се реализира баланс помеѓу одржувањето на тековните деловни процеси (профитабилност, квалитет на услугите, односи со клиентите, продуктивност, компетентност на вработените итн.), од една страна, а од друга страна т.н. деловен напредок и имплементација на интерни промени, кои ќе дадат максимален придонес.

PRINCE2 претставува една од корисните алатки и знаење во сите клучни процеси во компанијата, посебно во делот на производството. Клучните ефекти во работењето на една компанија можат да се добијат преку имплементација на систем на работење кој има за цел трансформација (во континуитет на работењето) од управување на бизнисот во управување на проектно работење во реална и контролирана околина. Целта на овој семинар е учесниците да се стекнат со клучни знаења за PRINCE2 методологијата и истите да ги  применат во реалното работење земајќи ги предвид реалните услови во Македонија. Речиси во секој производствен процес постои потреба за проектно управување и имплементација на знаење и создавање на мултифункционални тимови.
Овој семинар е наменет за проектни менаџери и раководители на проекти, раководители на набавка, раководители на производство, интерни проверувачи (контрола на квалитет), раководители во големопродажба, како и за сите оние кои сакаат да го надградат своето знаење.
ПРОГРАМА
 ПРВ ДЕЛ:

 Основни принципи на PRINCE2 методологија;
o Континуирано водење на бизнисот;
o Учење од искуство;
o Дефинирање на одговорности и овластувања;
o Управување во фази;
o Управување преку исклучоци;
o Фокус на производот;
o Приспособување на проектната околина;
 Оптимизација на производствени проекти;
o Кои се клучните карактеристики по кои се разликуваат проектите?
o Идентификација на проектен менаџмент метод;
o Основна структура на PRINCE2 методологија;
o Основни претпоставки за оптимизација.

ВТОР ДЕЛ:
 Имплементација на студија на случај во сопствен компаниски процес;
o Идентификација на потреба за симулационен модел;
o Карактеристики на два или повеќе модели (квалитет, одговорности, планови, ризик);
o Менаџмент на ризици;
o Управување со промени;
o PRINCE2 пристап кон проектен прогрес;
 PRINCE2 методологија - реална примена во контролирани услови;
o Дефинирање на намената на производот (во континуитет);
o Зголемена ефективност преку PRINCE2 околина (членови на тим или управување на проект);
o Креирање на ситуациони сценарија со објективен доказ за врвно раководство;
o Имплементација на методи во реален проект;
o Проценка на циклусот на производот на ниво на главен процес.

Предавач:  
- Михаил Китановски,
сопственик и управител на „Д2ЕМ“ Консалтинг со повеќе од 15 години консултантско искуство во 14 земји во светот. Главна експертиза во областите: Организациски инженеринг; Balanced Scorecard; Системски дел и процес на продажба; Лидерство и управување; Оптимизација на производствени процеси; Стратешки менаџмент и Бизнис планирање; Менаџмент на финансии, како и Имплементација на меѓународни стандарди. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за учество на семинарот.

Рок за пријавување: 21.02.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права