21.02.2017 (Семинар)
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

22.02.2017 (Конференција)
Конференција по повод отпочнувањето на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“

22.02.2017 (Презентација)
ПОКАНА ЗА БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА - „ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ХОТЕЛИТЕ,ОСВЕТЛУВАЊЕ, BMS-УПРАВУВАЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ“

23.02.2017 (Семинар)
ПОДИГНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО КОМПАНИИТЕ

23.02.2017 (Семинар)
УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

24.02.2017 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

27.02.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ Mobile World Congress“ Барселона

27.02.2017 (Саем)
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува да воспоставите контакти со нови деловни партнери Бизнис средби на Саемот „Mobile World Congress“

28.02.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: Правните институти од работните односи

02.03.2017 (Саем)
6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, 2 - 3.03.2017-Нови Сад, Р. Србија

02.03.2017 (Семинар)
Бесплатен еднодневен семинар на тема: УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

03.03.2017 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

07.03.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: РЕГИСТРАЦИЈА НА ХЕМИКАЛИИТЕ

09.03.2017 (Семинар)
Бесплатен еднодневен семинар на тема: УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

16.03.2017 (Саем)
14. МЕДИТЕРАНСКИ САЕМ ЗА ЗДРАВА ХРАНА, ЛЕКОВИТИ БИЛКИ И ЗЕЛЕНИ КУЛТУРИ- 16-19.03.2017 Дубровник, Р. Хрватска

16.03.2017 (Саем)
„WIN EUROASIA Automation“- Саем на автомобилската индустрија 16-19.03.2017

16.03.2017 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „ISH 2017 Brokerage Event “- (енергетски сектор, животна средина и вода)

17.03.2017 (Саем)
„AGROTECH“- 23. Меѓународен саем за земјоделски технологии, 17-19.03.2017- Киелце, Р. Полска

17.03.2017 (Настан)
Повик за учество на обуки и меѓународни деловни средби на мали и средни претпријатија од Македонија

21.03.2017 (Семинар)
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

22.03.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: БАРАЊА И ПРОВЕРКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДОБАВУВАЧИТЕ ВО СИНЏИРОТ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

02.04.2017 (Конференција)
"ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР"- Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата,2-4.4.2017- ДУБАИ, УАЕ

06.04.2017 (Бизнис средби)
Бизнис-средби „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ 6 април 2017 година, Софија, Република Бугарија

12.04.2017 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Building Europe 2017“ - (градежен и енергетски сектор)

24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

Бизнис-настани

28.02.2017 - 28.02.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар: Правните институти од работните односи


Eднодневен семинар:
Правни институти од  работните односи што се однесуваат на:  содржина, изменување и промени на договорот за вработување, основани и неосновани причини за откажување на договорите за вработување, престанок на договорот поради повреди на работниот ред и дисциплина,  како и на  додатоци, надоместоци  на плата со трошоци при работа и некои задолжителни постапки на работодавачот согласно ЗРО
28 февруари 2017 година (вторник)
10:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


Стопанската комора на Македонија на 28 февруари 2017 година организира еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, што се однесуваат на:  содржина ,изменување и промени на договорот за вработување,  основани и неосновани причини за откажување на договорите за вработување, престанок на договорот поради повреди на работниот ред и дисциплина, како и на додатоци, надоместоци на плата со трошоци при работа и некои задолжителни постапки на работодавачот согласно ЗРО.
Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и државниот сектор.
На семинарот ќе бидат изнесени законските решенија во однос на одредени правни институти од областа на работните односи наведени во програмата, како и сите дилеми што се јавуваат при примена на истите во пракса,  но дополнително на учесниците ќе им бидат одговорени прашања и за други проблеми и дилеми што ги имаатаат при практична примена на легислативата од областа на работните односи, односно на семинарот ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи.
Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.
  

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 24 февруари 2017 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.
Во прилог: Пријавен лист и Агенда


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права