ВО БИТОЛА ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА БИТОЛА СТАРТАП ЦЕНТАР
➢ Актуелно (24.09.2020)
👁 Прочитано: 726



ВО БИТОЛА ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА БИТОЛА СТАРТАП ЦЕНТАР

На 23.9.2020 година, во Битола се одржа информативна средба за започнување нов проект насочен кон подобрувањето на состојбите на локалниот пазар на трудот. Како член на Локалниот економско-социјален совет на Општина Битола, своја поддршка на оваа активност даде и Регионалната комора со седиште во Битола.

Целта на активностите ќе биде подигнување на свеста за претприемништво, едукација за претприемништво и охрабрување и поддршка на потенцијалните претприемачи да започнат сопствен бизнис, промени кои бараат голема посветеност и проактивна улога не само на институциите на власта, туку и на сите актери кои дејствуваат во секторот на претприемништвото. Со оглед на тековната економска состојба во нашата земја и недостатокот на претприемнички дух и вештини, локалното партнерство за вработување креира Програма за работа „Битола Стартап Центар“, што ќе ја раздвижи стартап сцената во Пелагонискиот регион и ќе придонесе за подобрување на економската состојба во регионот.

Со оваа програма е планирано да се влијае врз процесот на креирање на поволен претприемнички екосистем што поддржува и стимулира претприемничка култура, креирање работни места и генерирање на приходи.

Програмата „Локалани партнерства за вработување“ преку своите партнери ќе помогне да се зголемат можностите за вработување преку активности кои ќе стимулираат учење, поддршка и вмрежување.

Програмата „Локалани партнерства за вработување“ - Битола е финансирана преку Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, што го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската унија.

м-р Никола Димковски
Регионална канцеларија Битола