24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.10.2017


Актуелно  

Регионална комора со седиште во Кичево - ПОСЕТА НА „АНУГА 2017“ - НАЈГОЛЕМИОТ САЕМ ЗА ХРАНА ВО СВЕТОТ


На 8 и 9  октомври 2017 година, Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија го посети најголемиот во светот Саем за храна и пијалаци „Ануга 2017“ во Келн, СР Германија.

Посетата се организираше во рамките на Проектот „Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица - Кичево - Кукуш (Бизнис Мрежа С-К-К)”, финансиран од ЕУ преку ИПА - Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 - 2013 година,  а присуствуваа и претставници од општините Струмица, која е лидер во Проектот, Општина Кичево како партнер и претставник од бизнис секторот од Кичево, односно потпретседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Алија Зулбеароски.

Повеќе од 7.400 компании од 107 земји се претставија како изложувачи на „Ануга“ во Келн, од 7 до 11 октомври 2017 година,  распределени во 11 хали во „Коленмесе“. Како таква, годинешната 34. „Ануга“ не е само рекордна саемска манифестација, туку ја истакнува својата позиција како најважна деловна платформа за храна и пијалаци во светот. Околу 160.000 посетители на „Ануга“ се запознаа со најголемиот избор на производи во светот.

Целта на  посетата на светски реномираниот Саем „Ануга”  беше размена на добри практики и искуства, како и поврзување на претпријатијата од Струмица и Кичево со субјекти од странство и поттикнување деловна соработка, а исто така и поврзување на деловните субјекти со релевантни субјекти и институции од странство.

Со посетата на Саемот се воспоставија контакти со различни компании и земји кои ќе придонесат за промоција на извозно ориентираните компании од нашата земја и подобри услови за извоз.

Во рамките на посетата се организираше и бизнис настанот „Бизнис соработка со претпријатија и општини од Македонија”, на којшто  присуствуваа над 10 компании од Турција, Италија, Бугарија, Полска и други земји.

На настанот беа презентирани бизнис можностите  на Македонија и потенцијалите на општините Струмица и Кичево, претставени и во промотивни  видеа за општините. Исто така, се промовираа Каталогот на извозно ориентирани претпријатија од гореспоменатите општини,  Водичот за инвестирање на Општина Кичево, кој го презентираше експертот Александар Гумберовски, а Водичот за инвестирање на Општина Струмица го презентираше експертот Звонко Наумоски. 

Од Македонија на Саемот се претставија над десетина компании од прехранбената индустрија, а штанд имаше и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија.

Ништо не е толку фундаментално и  поврзувачко како храната и  пијалаците, затоа Саемот „Ануга“ се залага и за иновативната моќ на меѓународната прехранбена индустрија, при што беа претставени иновациите во прехранбената индустрија за 2017 година.

Дијана Лазороска Јованоска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права