Бизнис-настани

24.09.2018 - 24.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН


Еднодневна работилница на тема:

ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

24.9.2018 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 24 септември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Обврска за исплата на дивиденда со осврт на пресметка, начин на исплата, даночен и сметководствен третман“, чија цел е да се овозможи едукација за правилна примена на законските одредби од оваа област и да се информираат трговските друштва за пресметката и начинот исплата на дивиденда, како и нејзиниот даночен и сметководствен третман. При тоа, особено е значајно да се внимава на рокот за исплата на одобрената дивиденда, кој рок за 2018 година истекува заклучно со 30.9.2018 година.

          Дополнително, согласно законската регулатива и меѓународните сметководствени стандарди (МСС), даночниот обврзник има законска обврска да води деловни книги. Евиденцијата е од исклучителна важност доколку се земе предвид дека оданочувањето се темели на податоците од сметководствената документација и во процесот на даночна постапка даночните инспектори ги користат сите докази потребни за утврдување на фактите кои се од значење за оданочувањето. Во таа насока, оваа работилница ќе направи преглед и на законските обврски за водење на сметководство и трговски книги, составување годишна сметка и финансиски извештаи, распределба на добивка, покривање загуба и издвојување резерви.


ПРОГРАМА

I. ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

- Пресметка на дивиденда, начин на исплата и сметководствен и даночен третман;
- Авансна дивиденда;
- Задржан данок при исплата на дивиденда на странски правни лица;
- Практични примери.

II. ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО И ТРГОВСКИ КНИГИ

- Законска регулатива;
- Обврска за водење сметководство;
- Класифицирање на трговците;
- Водење на трговските книги;
- Чување на трговските книги, на сметководствените документи, годишните сметки и   финансиските извештаи.

III. ОБВРСКА ЗА СОСТАВУВАЊЕ ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

- Годишна сметка и финансиски извештаи кај мали, средни и големи субјекти;
- Годишна сметка во случај на статусни промени;
- Обврски за објавување на годишната сметка/финансиски извештаи кај посебни субјекти;
- Консолидирани финансиски извештаи;
- Ревизија на финансиски извештаи.
 
IV. РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКА, ПОКРИВАЊЕ ЗАГУБА И ИЗДВОЈУВАЊЕ РЕЗЕРВИ

- Распределба на добивка;
- Покривање загуба;
- Пренос на даночна загуба од минати години;
- Задолжителни и посебни резерви.


Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 19.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права