24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

18.10.2017 - 18.10.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРЕДНОСТ НА ДОГОВОРИТЕ СО ИЗВРШНА КЛАУЗУЛА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРЕНОТО


Еднодневен семинар на тема:

ПРЕДНОСТ НА ДОГОВОРИТЕ СО ИЗВРШНА КЛАУЗУЛА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРЕНОТО

18.10.2017 година (среда)
9:30-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 18.10.2017 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на видови договори  со и без извршна клаузула и ефективност во реализацијата на истите. Имено, преку разработка на ваквите договори, нивната дистинкција со предност на извршната клаузула, ќе се прикаже ефективноста на реализацијата на правата и обврските од договореното со конкретните договори.

          На семинарот ќе се пристапи кон теоретскиот дел, анализа на договорите, примена на одредбите од Законот за облигациони договори, Законот за извршување, како и практично објаснување во спроведувањето на наведените одредби при реализација на договорите со извршна клаузула.

          Со овој семинар сакаме да ги запознаеме сите учесници во облигационите односи со сите предности кои произлегуваат од примена на извршната клаузула во договорите и нејзината примена во иднина со цел реализација на договореното со предности од повеќе аспекти - како временски, така и финансиски.

 
ПРОГРАМА

-  Општо за договорите и обврските кои произлегуваат од истите;
-  Дистинкција помеѓу договорите без извршна клаузула и договорите со извршна клаузула;
-  Ефективност во реализација на договорите;
-  Иницирање и водење на судска постапка за реализација на договореното;
-  Временска дистанца во реализација на договорените обврски;
-  Финансиски вложувања за реализација на договореното;
- Учесници во спроведувањето на договорите.

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби, адвокатите и за законските застапници.

Предавачи:

- Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје, едукатор во
Академијата за судии и јавни обвинители и

- Александар Огненовски, адвокат со особена експертиза  во делот на облигационо, деловно, кривично и стопанското право, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички така и правни лица, пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија го прави квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓање на правни решенија кои се клучни за успешното деловно работење на компаниите.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 16.10.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права