24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

ISO 9001

ISO 9001

Што е ISO 9001?

ISO 9001 е најпозната меѓународна норма која поставува барања за воспоставување и одржување на системот за управување со квалитет, а е применлива  за сите видови на организации(профитни/непрофитни, производни/услужни, мали /средни/големи).

Ги опфаќа основните процеси внатре во организацијата (продажба, развој, набавка, производство/услуги, итн) обезбедувајќи дека  низ дадените активности тие процеси се водени во контролирани услови, и како такви ги задоволуваат барањата на релевантните заинтересирани страни:

• опишување на процесите
• задавање  на мерливи цели на процесите врз база на споредени податоци иинформации
• мерење и мониторинг на процесите преку клучни параметри
• анализирање на податоците и известување за успешноста на процесите
• подобрување на процесите

Системот за управување со квалитетот согласно барањата на ISO 9001 денес се користи во целиот свет, а негова сертификација е општоприфатен начин за докажување на сегашните и потенцијалните партнери дека производот или услугата ќе ги задоволи неговите барања во врска со квалитетот.

Добро развиен и одржуван систем за управување со квалитетот има позитивен придонес за остварување на целите  во работењето, подобрувајќи го:

• задоволството и довербата кај купувачите
• вкупните резултати и способности
• подобар квалитет на производите/услугите
• подобра работна продуктивност
• помал број на грешки
• помали трошоци
• навремена испорака и сл.

Систем за управување со квалитет

Организацијата мора да го воспостави, документира, применува и одржува системот за управување со квалитет, и континуирано да ја подобрува неговата ефикасност во согласност со барањата на овој меѓународен стандард.

Воведување систем за квалитет

Стопанската комора на Македонија, поточно Центарот за унапредување на квалитетот во производство и услуги, кој функционира во рамките на истата, работи на воведување на систем за управување со  квалитет согласно ISO 9001.

Динамичен/акционен план на активности

• Структура на подршка/ Акционен план
• Анализа на процеси и изработка на блок-дијаграми
• Програма за развој на свесност за квалитет
• Развој и изработка на документирани информации
• Интерни проверки
• Преглед на Систем за квалитет од страна на раководството
• Предоценка
• Сертификација

Потребни документирани информации

Документираните информации кои треба да се изготват за да бидат задоволени барањата од стандардот се следниве:

1.  Прирачник за квалитет
2. Процедури/дијаграми  за главни  процеси
    Процедури/дијаграми  за помошни процеси
    Процедури/дијаграми за системски процеси
3.  Работни упатства за сите критични и специфични активности кои се одвиваат во рамките на дефинираниот процес
4. Записи кои генерираат од сите дефинирани процеси, како објективен доказ за извршената активност
          4.1. Политика за квалитет
          4.2.  Генерална изјава
          4.3.  Организациона шема
          4.4.  Опсег на систем за квалитет
          4.5.  Цели за квалитет

Интерни проверки

Организацијата мора да спроведе интерни проверки во одредени временски испланирани интервали, за да потврди дека системот за управување со квалитет е воспоставен и е усогласен со планираните активности по однос на барањата од стандардот, а воедно и ефективно имплементиран и одржуван. Постои процедура за интерни проверки, која детално го дава текот на активности релевантни за овој процес:

• планирање на интерна проверка
• одредување на тим на интерни проверувачи
• преглед на документацијата
• изготвување чек листи
• известување на проверуваните
• одржување воведен состанок
• спроведување на интерна проверка
• дефинирање на наодите
• одржување на завршен состанок
• издавање на барања за корективни мерки и извештај

Корективни мерки

Организацијата треба да спроведе активности за да ги елиминира причините кои условиле појава на неусогласеност, а со цел да ја спречат нивната повторна појава-корективна мерка. Воедно, организацијата треба да одреди и такви активности кои имаат за цел да ги елиминираат и причините кои би условиле потенцијални не усогласености, а се со цел да се спречи нивното појавување. Процедурата за корективна мерка детално ги опишува сите потребни активности, релевантни за тој процес:

• прегледување на неусогласености
• одредување на причини за појава на неусогласености
• проценка на потребата од мерка која ќе спречи повторна појава на неусогласености
• одредување и имплементирање на потребна мерка
• прегледување на превземената корективна мерка


Предоценка на систем за квалитет

Предоценката на системот за управување со квалитет е завршна фаза од проектот-Воведување на систем за управување со квалитет. Околу четири до шест недели пред сертификацијата од страна на Сертификационото тело, треба да биде извршена целосна предоценка на Системот за управување со квалитет од страна на Стопанската комора на Македонија. На предоценката треба да се гледа како на вежба за "вистинската" сертификација која следи. На ова ниво не е пожелно да биде пронајдена било каква голема неусогласеност, но ќе биде од корист искуството за комуницирање со проверувачите на Сертификационото тело. Од извршената предоценка главниот проверувач изготвува извештај, врз основа на кој се превземаат  корективни мерки, ако се најдени одредени неусогласености.



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: emilija@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права