14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.12.2017


Актуелно  

Здружение на металургијата - ИНДУСТРИЈАТА РАСПРАВАШЕ ПО НАЦРТ-РЕГУЛАТИВАТА ЗА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ


На состанокот одржан на 4.12.2017 година, а во континуитет на започнатите активности во рамките на Здружението на металургијата, претставниците на индустријата заедно со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Управата за животна средина, уште еднаш се навратија на решенијата во новата регулатива за индустриски емисии. На состанокот поконкретно се разгледа одговорот од Министерството по  доставените предлози и сугестии од индустријата по последната верзија на Нацрт-законот за индустриски емисии.

 

Претставниците на поголемите капацитети од областа на индустријата и на неколкуте поголеми енергетски капацитети кои во своето работење вршат емисии во воздух и во почва, досега, во повеќе наврати се осврнаа на примарната и секундарната законска регулатива за индустриските емисии, подготвена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање  во рамките на Твининг проектот којшто го спроведува Министерството со цел зајакнување на капацитети на централно и на локално ниво за спроведување на Директивата за индустриски емисии во Македонија.

На состанокот беше оценето дека голем дел од доставените забелешки на бизнис секторот не се прифатени од страна на регулаторот. Станува збор, покрај за општи забелешки и потреба од прецизирање на одредени одредби од Нацрт-законот за суштествени забелешки кои се однесуваат на прашањата поврзани со најдобрите достапни технологии и на транзициониот период, за којшто ќе се бара негово пролонгирање на 9 години. Имено, општа беше оценката дека предвидените 4 години е премногу краток период за промена на технологија од аспект на потребните финансиски средства и потребниот временски период за нејзина замена. Рокот посебно доаѓа до израз кај компаниите во државна сопственост во контекст на нивната обврска согласно регулативата за јавните набавки. Стопанствениците ценат дека треба да се изменат и одредбите со кои се дава преголемо дискреционо право на регулаторот и побараа негова замена со конкретни и прецизни решенија.

Станува збор за особено значајна регулатива, поради што од страна на индустријата беше предложено да се пролонгираат роковите за нејзиното донесување за период од неколку месеци со цел да се даде простор за одржување на уште неколку расправи на коишто ќе се дефинираат практично применливи решенија за индустријата, а воедно ќе се задоволат европските барања и, што е, секако, од особена важност,  поголема заштита на животната средина.

Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права