29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

14.06.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.03.2017


Актуелно  

ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ ЗАПОЧНУВА СЕРИЈА ИНФОРМАТИВНИ НАСТАНИ


Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ во периодот од 22 март до 7 јуни 2017 година ќе се реализираат серија информативни настани за детална презентација на тековните прописи и законските барања кои се однесуваат на малите и средните претпријатија во Република Македонија. Темите за овие инфо сесии произлегоа од претходно истражување кое стопанските комори го реализира помеѓу компаниите, а тоа се: 
* права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи  и Закон за безбедност и заштита при работа;
* права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика и
* права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот.

 

- Ќе се реализираат 18 информативни сесии во 10 градови: Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје, со што ќе бидат покриени сите плански региони во земјата. Информативните сесии ќе бидат одржани со присуство на докажани експерти од овие области, кои ќе бидат достапни за дискусија во текот на настанот. Во рамките на Проектот пет клучни сектори - земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија (20.3.2017 година).

Освен информативната цел на настаните, истовремено тие ќе претставуваат и можност за да се соберат значајни податоци за најгорливите проблеми на малите и средните претпријатија во овие области. Ова искуство на компаниите добиено од прва рака ќе се искористи како материјал за организирање други целни активности во рамките на Проектот и за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во претстојните години во кои ќе се спроведува Проектот.

Според директорот на „Епицентар интернационал“ – Скопје, Љупчо Димовски, целта на овие сесии е двојна – подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените што фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи.

Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог се во крајна линија и главните поенти на новиот четиригодишен проект со кој првпат, во насока на донесување подобра бизнис-регулатива, капацитетите ги здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Јадранка Аризанковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права