24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.09.2017


Актуелно  

Амбасадорот на кралството Холандија во работна посета на Комората – МОЖНОСТИ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА


Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Н.Е. господин Вилем Воутер Пломп реализираше официјална посета на Стопанската комора на Македонија, и одржа состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија, господин Бранко Азески. На средбата се разговараше за актуелните економски теми кои можат да бидат од интерес за двете земји.

 

На средбата, претседателот Азески ја посочи добрата економска соработка која постои помеѓу двете земји, која континуирано бележи напредок. Од страна на претседателот Азески особено беше посочен позитивниот ефект на активностите кои Кралството Холандија ги презема во земјава во насока на унапредувањето на демократизацијата на земјата, владеењето на правото и ефикасното функционирање на судскиот систем, кои се од клучно значење за унапредувањето на деловната клима во земјата. Во таа насока, беше истакнато и залагањето на Комората за доследно спроведување на процесот на консултации со засегнатите страни при донесувањето на законите и подзаконските акти, при што ситуациите кога се донесуваат закони по скратена постапка да бидат сведени на минимум, како и за зголемувањето на извозните потенцијали на македонската економија, вклучувајќи и активности за поддршка на иновативноста на домашните компании.

Амбасадорот Пломп ја истакна подготвеноста на Кралството Холандија за поддршка на процесите на демократизација во Република Македонија, но и за поддршка на бизнис секторот во Република Македонија, и унапредување на неговата иновативност. Посочи дека потенцијали за соработка помеѓу двете земји постојат во областите на текстилната индустрија, земјоделството, туризмот и информатичките технологии.

На крајот, разговарано беше за перспективите за продлабочување на соработката, и активностите кои може заеднички да се преземаат во насока на унапредување на бизнис-климата во земјата.

Вкупната трговска размена за период јануари – јули 2017 година изнесува 99,5 милиони САД $, што претставува раст од 16,07 % споредено со истиот период во 2016 година, додека извозот изнесува 41 милиони САД $, што претставува зголемување од 13,68%, додека увозното салдо изнесува 58,4 милиони САД $, или зголемување  од 17,82% во споредба со истиот период во 2016 година.

Д-р Татјана Штерјова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права