КОЖУВЧАНКА ДОНИРАШЕ АПАРАТ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ПРИ ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ
➤ ОД КОМПАНИИТЕ (23.06.2020)
👁 Прочитано: 1203



КОЖУВЧАНКА ДОНИРАШЕ АПАРАТ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ПРИ ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ

Медицинска опрема во вредност од 10.000 евра доби Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). 

Станува збор за донација од кавадаречката компанија „Кожувчанка” ДОО, која опфаќа апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany, со кој се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување. 

Од компанијата нагласија дека апаратот, кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или меѓу клиниките поради различните испитувања на пациентите кои се заболени од Ковид-19. 

– „Кожувчанка“ ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна компанија. Особено радува тоа што овој вид донација, врз основа на укажувањата на Клиниката, е од особена важност во настанатата состојба со Ковид-19, додадоа од компанијата.

Превземено од: МакПрес.мк

Служба за информирање при Комората