„СИГНАЛ“ - Неделни информации за најновата ЕУ регулатива (II издание)

   

👁 Прочитано: 751


„СИГНАЛ“  - Неделни информации за  најновата ЕУ регулатива (II издание)
Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

Како што веќе објавивме минатата недела, Коморскиот инвестициски форум во рамки на заедничкиот проект со DIHK- Германската комора за индустрија и трговија, започна со подготовка на билтен со информации во врска ново објавената ЕУ регулатива, релевантна за компаниите од регионот.

Билтенот има за цел да ги информира компаниите од регионот на Западен Балкан за најновите законски измени во Европската регулатива, релевантна за работењето на истите со земјите од ЕУ. Во продолжение можете да ги најдете најновите информации објавени во второто издание на билтенот.

Директен пристап до законските измени можете да најдете на официјалната веб страна на Коморскиот инвестициски форум, на следниот линк: https://www.wb6cif.eu/signal/ .

„СИГНАЛ“ - Нов КИФ билтен за ЕУ регулатива

„СИГНАЛ“ БИЛТЕН НА КИФ - ЗБ6

БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА БИТНИТЕ ЗАКОНСКИ АКТИ НА ЕУ

wb6cif.eu/signal/

 

27 ти јан. 2020 г .

ЗА ПОЕДИНЕЧНИ ЗЕМЈИ- СРБИЈА – Безбедност во цивилното воздухопловство

Регулатива за спроведување (ЕУ) 2020/111 на Комисијата од 27.01.2020 г.

Изменување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2015/1998 во однос на одобрување опрема за безбедност во цивилното воздухопловство, како и трети земји што се признати дека применуваат безбедносни стандарди еквивалентни со основните заеднички стандарди за безбедност во цивилното воздухопловство. Комисијата потврди дека Република Србија, во однос на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, ги задоволува критериумите дадени во дел Д од Анексот на Регулативата (ЕЗ) бр. 272/2009.

Оваа Регулатива влегува на сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија.

За понатамошни детали, текстот на законскиот акт може да се најде на следниот линк: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/CELEX_32020R0111_EN_TXT.pdf 

 

 

24 ти јан. 2020 г.

ИНДУСТРИЈА НА СТОЧНА ХРАНА – Адитиви на сточна храна

Регулатива за спроведување (ЕУ) 2020/106 на Комисијата од 24.01.2020 г.

Имајќи ја предвид Регулативата (ЕЗ) бр. 1831/2003 на Европскиот парламент и на Советот за адитиви во животинската исхрана.

Примената се однесува на одобрување на натриум формиат (sodium formate) како адитив на сточна храна за сите животински видови да се распредели во категоријата „технолошки адитиви“.

Оваа Регулатива влегува на сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија.

За понатамошни детали, текстот на законскиот акт може да се најде на следниот линк: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/24.01.2020.-2020106.pdf

Коморски инвестициски форум од 6-те земји на Западен Балкан (КИФ- ЗБ6)

Регистрирано здружение на стопански комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија коешто формира платформа за соработка во 2017 г. во насока на нудење заеднички услуги, олеснување на меѓу-деловните контакти и промовирање на регионот како единствена дестинација за инвестирање.

INVESTINSEE.COM

Инвестициски портал на КИФ- ЗБ6 – сѐ на едно место за инвеститори што имаат намера да инвестираат во регионот на 3Б6

WB6CIF.EU

Информации за КИФ - ЗБ6, вести и проекти во развој

24 ти јан. 2020

ИНДУСТРИЈА НА СТОЧНА ХРАНА – Адитиви на сточна храна

Регулатива за спроведување (ЕУ) 2020/107 на Комисијата од 24.01.2020 г.

Имајќи ја предвид Регулативата (ЕЗ) бр. 1831/2003 на Европскиот парламент и на Советот за адитиви во животинската исхрана.

Оваа Регулатива повторно го утврдува понсо 4Р (ponceau 4R) за адитив на сточна храна за украсни риби и за кучиња и мачки и се распределува во адитивната категорија „осетни адитиви“.

Премиските произведени до 13 август 2020 година што подлежат на правилата претходно на сила, може да се продаваат до исцрпување на резервите. Суровините за сточна храна и смесите од сточна храна што ја содржат супстанцијата прецизирана во Анексот, коишто се произведени и означени пред 13 февруари 2020 година, во согласност со применливите правила пред 13 февруари 2020 година, може и понатаму да се пласираат на пазарот и да се употребуваат до исцрпување на постојните резерви.

Оваа Регулатива влегува на сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија.

За понатамошни детали, текстот на законскиот акт може да се најде на следниот линк: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/24.01.2020.-2020107.pdf