КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 335


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

ТРИ ТОП ВЕСТИ

- Свет – Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за проширување на Унијата и за преговорите за идните односи со Велика Британија.

- Македонија – Државниот завод за статистика ќе ги објави податоците за цела 2019 година за потрошувачка на енергeнсите во државата.

- Комора – Обука на стручен и друг кадар (ментори) во самите компании за да имаат капацитет работодавачите да спроведуваат практична обука.


 

П.С. Ги очекуваме вашите нови иницијативи, дилеми, предлози.

 

http://www.mchamber.mk/upload/98mk-4.png

- Посочите проблеми, сугерирајте и иницирајте активности. Во рубрика која ја креиравме за вас КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ.

Во рубриката АКТУЕЛНО... Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија на работна средба со амбасадорката на Мароко, Н.Е. Закиа Ел Мидаиу и почесниот конзул на Мароко во Северна Македонија, Илија Малинковски, разговораа за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Ќе се планираат промотивни настани за презентирање на можностите за инвестирање и соработка во металната, металопреработувачката и фармацевтската индустрија, ИТ и прехранбениот сектор, со акцент на компании што се занимаваат со производство на суплементи и здрава храна.

- Во рубриката ПОРАКА ОД.. м-р Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања, оваа 2020 година ќе анализира прашања поврзани со влезот во НАТО и преговорите со ЕУ, како многу важни теми и за бизнис заедницата. Денешниот текст е осврт на анкетните резултати на Меѓународниот републикански институт (IRI) кој повеќе од 10 години генерира одговори за расположението на нашите граѓани согласно повеќегодишните заложби на земјава за евро-атлантски интеграции. Фактот дека граѓаните ги посочуваат економските проблеми како главни, а во исто време даваат голема поддршка за влез во НАТО и во ЕУ упатува на заклучокот дека граѓаните имаат високи очекувања од членството во НАТО и ЕУ. Влезот во НАТО и во ЕУ е перцепиран како нешто што дава надеж за решавање на горливите економски проблеми, констатира Јовановски.

- од КОМПАНИИТЕ, пренесуваме интервју на првиот човек на ХАЛКБАНК, за стратегијата на Банката и за предвидувањата на банкарскиот сектор во година што тековата година. Секојдневно нудиме и други тековни вести од светот на економијата.

- Едукативниот центар на Комората, активно работи на организација на поставените семинари и работилници за заинтересираните - http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mid=5&lng=1

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, за компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајнот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!