НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 23.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (23.09.2020)
👁 Прочитано: 722


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 23.09.
23.09.63 п.н.е.    роден е Октавијан Август, римски император и војсководец.
23.09.1846 година, германскиот астроном Јохан Готфрид Галеја ја открил планетата Нептун.  
23.09.1903 година, над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско, во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници.
23.09.1916 година, роден е Алдо Моро, италијански професор и политичар.
23.09.1928 година, роден е Томе Арсовски, македонски поет.
23.09.1930 година, роден е Реј Чарлс, американски музичар.
23.09.2011 година, пијанистот Симон Трпчески е прогласен за прв „Национален уметник на Македонија“.
Служба за информирање при Комората