КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 317


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

ТРИ ТОП ВЕСТИ

- Свет – „Црн понеделник“ на светските берзи. Забрана за тргување на Њујоршка берза, по најлошиот ден од финансиската криза во 2008 година.

- Македонија / Комора – Управниот Одбор на КИФ ќе одржи седница во Стопанската комора на Македонија.


П.С. Ги очекуваме вашите иницијативи, дилеми, предлози.

 


 

http://www.mchamber.mk/upload/98mk-4.png

- Во АКТУЕЛНО, заврши „Копаоник бизнис форум 2020“, со обраќање и на Александар Влаховиќ, иницијатор и организатор на Форумот, претседател на Сојузот на економисти на Србија.  Влаховиќ упати неколку пораки:

 Ø Целта и улогата на Балканскиот Давос е да постави платформа за дијалог меѓу различни  учесници во економскиот, општествениот и политичкиот живот како единствена опција за  креирање одржливи решенија. Во таа насока и учесниците на Форумот се од различни сфери,  бизнисмени, академици, луѓе од науката, меѓународни финансиски организации, креатори на  економски политики.
 
 Ø „Копаоник бизнис форум 2020“ имаше регионален карактер, со поставување на   регионалните теми за дискусии.

 Ø Централната тема - 4.0 индустриска револуција - беше констатирано дека треба да биде   столб на развојната политика на целиот регион, на вештачката интелигенција, но и на   потребата да се посвети посебно внимание на климатските промени.

 Ø Инвестирањето во образованието како клучен проблем изминативе неколку години е   неминовност. Неопходно е да се фокусираат дел од капиталните инвестиции во оваа област,  бидејќи може да има корисен ефект врз зголемувањето на растот.
 
- Д-р Елена Милевска Штрбевска во рубриката ПОРАКА ОД.. пишува за главните предизвици на бизнисот во 2020 година за остварување економски раст -  извозната конкурентност и регионалната соработка. По направените анализи и согласно статистичките податоци, извесно е дека редовната комуникација лице в лице со менаџментот на компаниите, да се сослушаат оние кои имаат практични знаења и искуство, може во вистинско време и со вистински средства да помогнат да се преземат конкретни акции за посакуваните економски ефекти.

- Преку веб-порталот на Комората на дневна основа ви нудиме информации и за други видови содржини.

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е  РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за Вас!