Подобри енергетски перформанси со поддршка на УСАИД

   

АКТУЕЛНО / 11.02.2020
👁 Прочитано: 330


Подобри енергетски перформанси со поддршка на УСАИД

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Проектот на УСАИД за развој на регионалните пазари спроведуван од „Tetra Tech“, реализираше тркалезна маса на тема: „Промовирање на воведување на системи за мониторинг и управување со енергија (ЕМС) во индустриски, комерцијални и јавни компании на Балканот, со цел намалување на потрошувачката на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и оптимизирање на производните процеси“.

Управувањето со потрошувачката на енергија и струја може да им помогне на сопствениците на јавни, приватни или деловни згради да ги намалат трошоците и да им помогне на претпријатијата да бидат поконкурентни. Системот за управување со енергија (ЕМС) е клучен дел на секоја сеопфатна програма за управување со енергија и им овозможува на потрошувачите мерење и предвидување на нивната потрошувачка на енергија, со цел подобра енергетска ефикасност и пониски сметки. Преку Проектот „Развој на регионалните енергетски пазари“, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) бара фирми коишто имаат интерес да ги подобрат своите практики на управување со енергија.

Потенцијалните фирми може да се индустриски производствени компании, комерцијални згради, болници, водостопанства. Фирмите кои ќе бидат избрани  ќе добијат финансиска поддршка од УСАИД за делумно покривање на трошоците за проектирање, инсталација, обука и пуштање во работа на нов ЕМС набавен од реномиран американски производител. Може да има и договор за одржување кој што ќе покрива и набавка на резервни делови, како и услуги за одржување на ЕМС, но и обука за работата и користењето на инсталираниот ЕМС за подобро разбирање, мониторинг и оптимизација на потрошувачката на енергија во компанијата за поголема ефикасност и намалување на трошоците.

Подобри енергетски перформанси со поддршка на УСАИД 

Перо Авакумовски