Кина ги преполовува царините на американски производи вредни 75 милијарди долари

   

Вести / 06.02.2020
👁 Прочитано: 700


Кина ги преполовува царините на американски производи вредни 75 милијарди долари

Кина објави дека ќе ги преполови царините за увозот на стоки од САД во вредност од 75 милијарди адолари, како дел од договореното повлекување од трговската војна помеѓу двете најголеми светски економии.
Овој потег доаѓа во време кога Кина се бори со ескалацијата на коронавирус. Болеста досега има убиено над 565 луѓе, претежно во Кина, и заразено повеќе од 28.000 луѓе во над 25 земји и територии.

Започнувајќи од следната недела, американските производи што имаат царина од 10% ќе се царина со стапка од 5%, а производите кои имаат царинска стапка од 5%, ќе се џаринат  со 2,5%, се вели во соопштението на царинската комисија на Државниот совет на Кина.

Кина ги воведе зголемените царини на американската стока минатиот септември.

„Кина се надева дека двете страни ќе се придржуваат до билатералните договори и ќе направат напори да ги спроведат релевантните одредби за да можеме да ја зајакнеме довербата на пазарот, да промовираме билатерални трговски односи и глобален економски раст“, се вели во соопштението на кинеските власти.

Преземено: Извоз.мк