15.11.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:Попис и усогласување на состојбите со осврт на срамнување на сметководствената со фактичката состојба на средствата и изворите и преглед на даночниот третман

15.11.2018 (Семинар)
МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И ФОРУМ СО КОМПАНИИ ОД АГРОСЕКТОРОТ ОД БУГАРИЈА

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

06.08.2018


Актуелно  

ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ – Правна рамка со која ќе се придвижи економијата


-Една од клучните мерки за креирање на поповолен бизнис амбиент која беше предложена и наведена во изданието на Стопанската комора на Македонија „Време е за промена на досегашниот модел на економски развој“ е системското поттикнување на инвестициите како поддршка на успешните производствени и извозни компании, преточени во закон со јасно утврдени критериуми, -нагласи м-р Анета Трајковска, в.д. оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата на Комората (6.8.2018 година).

 

- Основата на овие мерки во поголем дел се совпаѓаат со Законот за финансиска поддршка на инвестициите од 8 мај оваа година, со што предложените мерки од пред една деценија ја видоа светлоста на денот, а со тоа една голема мисија успеа“, - потенцираше м-р Трајковска, при што понатаму го образложи овој став.

Изминативе скоро три децении сведоци сме на негативен тренд на деиндустријализација (релативното учество на индустријата во БДП се намали од 32% во 1992 година на 15% во 2016 година).

Бројот на производи со компаративни предности кои се извезуваат забележува значително намалување од 675 производи во 2006 година, на 461 производ во 2016 година.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите обезбедува правна рамка за поттикнување на економскиот раст и развој преку поддршка за зголемување на конкурентноста, продуктивноста и иновативноста на економијата, која најбрзо може да се реализира токму преку големите и успешни компании.

Се усвоија економски политики, т.е. мерки кои приоритетно ќе го поттикнат развојот на оние групи на компании кои овозможуваат позабрзан раст, а тоа се успешни големи производствени компании. Овие компании можат да доведат до извозна диверзификација (зголемување на бројот на индустриски производи што Македонија ги извезува, а имаат компаративни предности), како и пренасочување на производството и извозот од производи со помал степен на доработка и помала додадена вредност, во производи со поголема софистицираност и продуктивност.

Само приватниот сектор преку успешните, односно профитабилни, големи домашни и странски компании, може да биде двигател на економскиот раст за краток период, бидејќи тие создаваат поголема додадена вредност. Овие успешни компании можат да дадат значаен придонес за зголемување на извозот и да апсорбираат значајна работна сила со што ќе се придонесе и за намалување на невработеноста.

М-р Трајковска  наведе дека Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Владата на РМ за донесување на Законот на финансиска поддршка на инвестициите, со што го потврди јавно-приватното партнерство од моментот на подготовката на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, постојната консултација со бизнис заедницата, преку неговото донесување и, секако,  отпочнувањето на неговата реализација, со објавувањето на првите компании корисници на финансиски средства. Исто така, се поздравува и решеноста на Владата на РМ да истрае во процесот на имплементација на овој закон, и првите 100 потпишани договори да бидат почеток на овој процес за којшто Стопанската комора на Македонија очекува успешно да се спроведува и во иднина, за што веќе има поднесено и иницијатива.

Стопанската комора на Македонија во следниот период ќе спроведе директни посети на компаниите - корисници на државна помош согласно овој Закон, при што ќе укаже на потребата реалниот сектор доследно да ги почитува договорните законски обврски и нивна доследна реализација, но во исто време ќе ја промовира потребата од дополнителни вложувања од приватниот сектор, во насока сите заеднички, како релевантни фактори во државата, да се обидеме значително да го намалиме заостанувањето коешто економијата на Република Македонија го има во однос на Европската унија и постигнување на значителен економски раст.

М-р Анета Трајковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права