26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

16.05.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair" 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

24.04.2018 - 29.04.2018


Советување Истанбул,  Турција

Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници


Советување на тема:

Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и  Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, можности за распоредување на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник, поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда, дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници, одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи

24 - 29 април 2018 година
Истанбул, Република Турција

 

          Стопанската комора на Македонија од 24 до 29 април 2018 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Истанбул, Република Турција, на тема: „Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу  вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и  Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, можности за распоредување на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник, поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда, дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници, одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи“.

          Целта на советувањето е на учесниците да им се направи јасна дистинкција помеѓу различните законски регулативни кои го регулираат работниот однос во секоја од фазите кои еден работен циклус ги опфаќа: вработување, прераспределба, дисциплински мерки и санкции. Пред учесниците ќе образложени законските решенија во однос на одредени правни институти од областа на работните односи, а  дополнително ќе имаат можност да бидат советувани од страна на експерт и за сите тековни проблеми и дилеми што се јавуваат при примена на законодавството од областа на работните односи во тековното работење.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТО СОВЕТУВАЊЕТО?

Советувањето е наменето за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.

ПРОГРАМА:

Прв ден:

- Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи;
- Вработување согласно одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор;
- Вработување согласно одредбите на Законот за административните службеници;
- Разлики помеѓу  вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници;
- Распоредување на вработените во јавниот сектор согласно Законот за вработрните во јавниот сектор;
- Распоредување на административни службеници согласно Законот за административни службеници.

Втор ден:

- Проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник;
- Поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда;
- Дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници; 
- Одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи).

          На советувањето ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи.

Предавачи:
- Бојана Велковска
, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, Одделение за работни спорови.

- Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, Одделение за работни спорови.


АРАНЖМАН:

Сместување и превоз
 
- Цената за сместување во хотел со 4* на база три полупансиони во двокреветна соба, со вклучени разгледи со водич во Истанбул по учесник изнесува 18.290,00 денари; 
- за сместување во еднокреветна соба се доплаќа 3.710, 00 денари.
(Плаќањето за сместувањето и разгледот на Истанбул е по добиена про-фактура од страна на ТА „Македонија Сообраќај“ АД - Скопје на Вашата електронска пошта).
- Цената за превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје-Истанбул-Скопје (тргнување на 24 април 2018 година, во 16:30 часот и враќање  на 29 април 2018 година во утринските часови) изнесува 4.900,00 денари.
(Плаќањето за превозот е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта).

Котизација за советувањето

• Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.130,00 денари (3.500,00 + 18% ДДВ). 
Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата.
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување, влезници во културноисториските споменици и индивидуални факултативни трошоци.

*   Поради ограничен број на места, крајниот рок за пријавување е до 30 март 2018 година.
* Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата.

Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелот.

Сигурна реализација е со пријавени 15 учесници.
     
 За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  сертификат за присуство на семинарот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права