25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

27.09.2018 - 27.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ


Еднодневен семинар на тема:

ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27 септември 2018 година (четврток)
9:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

          https://changecreator.com/wp-content/uploads/2018/08/exit-strategy-image-for-post-600x400.jpgИзработката на добар бизнис план е од особено значење за една компанија, особено ако се земе во предвид дека истиот го објаснува концептот на бизнисот, ги сумира неговите цели, ги идентификува ресурсите кои ќе му бидат потребни на бизнисот, дава опис како ќе се добијат тие ресурси и објаснува како бизнисот ќе ги оствари тие цели. Бизнис планот не е еднаш за секогаш поставен, истиот потребно е да се ажурира во текот на постоењето на компанијата и да ги следи промените во делокругот на работењето.
          На долг рок потребна е стратешка насоченост за остварување на Вашата визија! Пократкорочно пак, потребно е тактичко размислување за тоа како да се насочи бизнисот во правец на остварување на целите и мисијата. Токму тоа е задачата на бизнис планот - преку детална анализа на моменталните поставености во интерното и екстерното окружување и издржани проекции на идните пазарни трендови и насоки, истиот да се насочи правилно.
          За таа цел Стопанската комора на Македонија, на 14 септември 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „Изготвување на бизнис планови и економски анализи“.

ПРОГРАМА

1. ВОВЕД
   - Значењето од изработка на бизнис планови и економски студии;
   - Клучни елементи на бизнис планот;
   - Организациони аспекти при изработка на бизнис планот.

2. ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКЦИЈА ЗА БИЗНИС ПЛАН
   - Инвестиционен план за основни средства;
   - Проекција на приходи (вредносно и квантитативно);
   - Проекција на трошоци (нормативни, COGS, трошоци за плата, останати  трошоци);
   - Проекција на позициите на обртниот капитал и управување со обртниот капитал;
   - Проекција на билансот на успех и извештаи за готовинските текови.

3. АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИТЕ ОД БИЗНИС ПЛАНОТ
   - Пресметка на показателите на профитабилност:
     • внатрешна стапка на поврат (IRR)
     • нето сегашна вредност (NPV)
     • период на враќање на инвестицијата
     • дисконтиран период на враќање
     • индекс на профитабилност

4. ПРЕГЛЕД НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕХНИЧКИ АЛАТКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАН И ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА
   - Анализа на сензитивност;
   - Линеарно програмирање;
   - Monte Carlo симулација.

Предавач:

- Александар Илиќ, магистар на економски науки при Универзитетот во Белград, извршен директор на консултантската компанија „Certus consaltung“ од Р.Србија со повеќе од 10-годишно работно искуство во приватниот и во јавниот сектор, консултант во областа на инвестиционо-финансиски и менаџмент услуги. Во своето професионално искуство ја вбројува и специјализацијата на тема „Pricing Optimization Strategy“ (Стратегија на ценовна оптимизација) при Универзитетот Вирџинија во САД.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување за семинарот: 20 септември 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права