26.07.2017 (Бизнис средби)
Билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании - 26.07.2017 Скопје

26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

12.09.2017 (Семинар)
Дводневен семинар: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Бизнис-настани

17.03.2017 - 17.03.2017


Настан  

Повик за учество на обуки и меѓународни деловни средби на мали и средни претпријатија од Македонија


Повик за учество на обуки и меѓународни деловни средби
на мали и средни претпријатија од Македонија
во рамки на ЕУ проектот "Ready2Go"
пријавување на www.b2match.eu/ready2go
најдоцна до 17 март 2017 година

Стопанската комора на Македонија во организација со Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН), ве покануваат да учествувате во активностите на проектот "Ready2Go" (EASME / COSME / 2015/028), подржан од страна на Европската комисија (ЕК) и Европската агенција за мали и средни претпријатија (EASME), наменет за малите и средните претпријатија од Европа.

Оваа иницијатива на пилот-проектот "Ready2Go"  има за цел да ги поддржи динамичните мали и средни претпријатија (МСП), од Европа во нивната интернационализација, со цел истите да учествуваат и да се натпреваруваат во ЕУ земјите и на уште 5 дополнителни целни пазари, и тоа во Камерун, Канада, Чиле, Индија и САД.

Секое мало и средно претпријатие од Македонија може да учествува во активности во максимум 2 земји. За секоја земја од групата на учесници ќе бидат составени од околу 20-30 компании од следните целни сектори:

1. Агро-храна;
2. Биотехнологии;
3. Хемиска индустрија;
4. Занаетчиство (керамика, накит, украси, кројачи, керамика);
5. Креативни индустрии (филм, радио, телевизија, издаваштво,  дигитални медиуми, музика, рекламирање, фотографија, дизајн, игри и дигитална анимација);
6. Животна средина;
7. Здравствена заштита и лекови;
8. ИКТ;
9. Интелигентна енергија (обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност);
10. Нано и микро-технологии (нанотехнологија, микро-и наноелектроника, напредни материјали, индустриски биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника);
11. Материјали (композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, био-материјали) ;
12. Трговија и услуги;
13. Одржливо градежништво;
14. Текстил и мода;
15. Дрвна индустрија и мебел.

Учеството на малите и средните претпријатија од Македонија е бесплатно. Проектот покрива дел трошоците за превоз и сместување, а дел од истите трошоци се на товар на учесниците и тоа:

-за секое колективно учество на обука во Европа, проектот обезбедува надоместок до €900,00 за трошоци за патување и хотелско сместување само за 1 лице од 1 компанија;

-за секои меѓународни деловни средби (Б2Б) кое ке биде организирано надвор од Европа, се обезбедува надоместок до € 750,00 за трошоци за патување за 1 лице од 1 компанија, односно до 50% проектот ги покрива само патните трошоци. Сите други трошоци (хотелско сместување, локален превоз, и други видови на трошоци) ќе бидат на товар на избраните учесници.

Проектот на корисниците ќе им понуди можности за учество во следниве активности:

- индивидуална обука и тренинг програма за развој на бизнис план за интернационализација;
- колективни обуки во пет одбрани ЕУ земји;
- учество во најмногу до 2 меѓународни деловни средби (Б2Б) од можни пет (Б2Б) во 5 избрани ЕУ земји, вклучително и во фазата за вмрежување на далечина. Вмрежувањето на  далечина (matchmaking) се состои од он-лине состаноци кои ке се одржуваат на самата платформа пред секој настан и ке траат од 3 до 6 месеци. Целта на овие виртуелни он-лине состаноци е да се постигнат напредни преговори меѓу компаниите кои ке учествуваат во заеднички договор со колегите од целните пазари.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на овој повик на проектот "Ready2Go", ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: www.b2match.eu/ready2go, најдоцна до 17 март 2017 година.

Успешно избраните кандидати ке бидат контактирани од страна на кординаторите на проектот кон крајот на мај 2017 година и ке треба да пополнат неколку документи:

1. задолжителен он-лине формулар за аплицирање
https://www.b2match.eu/ready2go/sign_up; и

2. да достават лична изјава потпишана од законски застапник во кој се наведува дека ги исполнуваат сите критериуми за подобност за аплицирање (SELF-DECLARATION OF FULFILLMENT OF THE ELIGIBILITY CRITERIA) –
https://www.b2match.eu/system/ready2go/files/Ready2Go-Call_for_Applicants-Self_Declaration.pdf?1485870905

Повеке информации за проектот може да се најдат на официјалната веб-страница на проектот (www.b2match.eu/ready2go), и на веб-страницата на кординаторот на проектот (www.promos-milano.it).


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk

Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права