25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Понуда/Побарувачка


Тип:
Понуда
Датум на внес : 02.10.2018
Валидност до: 02.01.2019
Краток опис : Продажба на фабрика за рециклажа во Србија
Опширен опис : Машините треба да се продадат комплетно, но не е задолжително. Фабриката може да се подели и како три целини: третман на опасен амбалажен отпад од метал; третман на опасен амбалажен отпад од PE-HD пластика и третман на отпадни води (новогенериран опасен отпад). Секоја целина може да се продаде одделно. ПРВАТА целина го сочинува третманот на амбалажен отпад од метал и тоа за метална амбалажа до 220 литра (главно буриња од 220 литри). Вкупната планирана количина на третманот на амбалажниот отпад е 150 т/год. За чистење и миење на бурињата се користи роло транспортер, када за цедење, машина за миење на бурињата и IBC-контејнери. Краток опис на апаратите: -РОЛО ТРАНСПОРТЕР - 1200х3000 мм, кој служи во него да се испразни и исцеди амбалажата и да се исчистат надворешните површини. По целата должина, односно под ролните се наоѓа сад со решетка за цедење и преземање на евентуалната содржина од контејнерот и бурињата, кои се со запремнина од 4 m3. -КАДА ЗА ЦЕДЕЊЕ – 4000x600 mm, за 6 буриња истовремено, со коси лизгачи за отворени буриња, со перфорирано дно - решетка за цедење и простор за прифаќање на исцедената содржина. -МИЕЊЕ НА БУРИЊАТА И IBC – машина за миење буриња и IBC-контејнери со помош на подвижна глава и топла вода, сопствено греење и кружно напојување со топла вода под притисок од 500 бари. Под решетката на која се наоѓа амбалажата која се мие, има сад за прибирање на нечистата вода со запремина од 2 м3 . За преработка на бурињата кои не се за повторна употреба се користат: -МАШИНА ЗА КРУЖНО ОТСЕКУВАЊЕ НА КАПАКОТ НА БУРЕТО (Wizard Drum Tool) – која го сече горниот дел на бурето, 10 мм под работ на капакот со кружен нож, со што се овозможува потполно да се испразни и исцеди бурето од содржината или цврстите содржини да бидат отстранети од бурето. -КАДА ЗА ЦЕДЕЊЕ – 4000х600 мм. -ПРЕСА ЗА БУРИЊА - преса од 30 тона, со од на клипот максимално 800 мм, снага на моторот 4 КВ, која служи за пресување на буриња по вертикална оска. Таа има обвивка и плоча што овозможува пресекот да има кружен дефиниран облик. Под долната плоча на која се наоѓа бурето во пресата има сад за преземање на евентуално исцедена содржина. -РЕЗЕРВОАР ЗА ЦЕДЕЊЕ – 900х3000 мм, со перфорирано дно, решетка за цедење и простор за собирање на евентуално исцедената заостаната содржина од бурето. На неа се ставаат исечените капаци од бурињата пред центрифугирањето. Потоа се центрифугира отпресокот со цел сушење за кое и служи: -ЦЕНТРИФУГА ЗА МЕТАЛ – во тапанот со пречник од 2 м се сместува вертикално со отворениот дел свртен нанадвор, 6 отпресоци кои се центрифугираат 6 минути. -ВТОРАТА целина ја сочинува третманот на опасен амбалажен отпад од пластика во кој спаѓаат пластична PE-HD амбалажа до 20 литри и IBC-контејнери од 1000 литри. Вкупната планирана количина за третман на амбалажниот отпад е 120 т/год. од кои 60 тони сочинуваат пластични кантички со зафатнина до 20 литри и 60 тони IBC-контејнери. За таа намена се користи следната опрема: -ПОДВИЖНА ЛЕНТА - подвижна бесконечна влезна рамна лента, која служи за разделување на отпадот по критериуми – материјал, боја, димензија и сл. На неа се селектира и се сортира отпадната пластика, материјалот кој во моментот се преработува се пушта понатаму во лентата, а другото се селектира по вид и боја. Така сортираната пластика може и директно со помош на подвижната лента да се внесе во гранулаторот. Селектираната амбалажа по сортирањето на лентата, може да се стави во контејнери: -должина 3000 мм; -ширина 600 мм; -висина 825 мм. -SHINI-SG ГРАНУЛАТОР – уред за сечење пластичен отпад. Едноставен е за работа, а во исто време е сигурен и доверлив. Компактната конструкција обезбедува тивок режим на работа. Антигравитационите плочи го оневозможуваат пренесувањето на вибрациите од моторот на гранулаторот со што се постигнува тивко работење. Гранулаторот има трофазен мотор. Лесно се чисти и лесно се менуваат ножевите. Се применуваат ножеви со кои се сечат шишиња, цевки, профили,
Вид на соработка: Производи, производство
Област на соработка : Преработувачка индустрија
Клучни зборови: машина
Понудата се однесува на: Сите земји



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Белинда Миновска
Тел: ++ 389 2 3244031 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: belinda@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права