26.04.2017 (Конференција)
Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

21.02.2017 - 21.02.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ


Бесплатни еднодневни семинари на тема:
„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“

 

По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.

Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари. Следните семинари во Скопје ќе се одржуваат во Стопанската комора на Македонија според долу наведените датуми од табелата:

Датум на одржување

Час и место на одржување

 Предавачи

 21 февруари 2017 година (вторник)10:30-14:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
 - д-р Јелисавета Георгиева, лиценциран медијатор
- м-р Илија Манасиев, лиценциран медијатор
- Роза Алексова, лиценциран медијатор
 21 март 2017 година (вторник)

10:30-14:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 - д-р Јелисавета Георгиева, лиценциран медијатор
- м-р Илија Манасиев, лиценциран медијатор
- Роза Алексова,  лиценциран медијатор

По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје,  од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата.

Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата.

______________________________________________________________________________________________

Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија - Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација.

Стопанската комора на Македонија продолжува да ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација и користење на медијацијата ќе се растеретат активностите за судските постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката....
______________________________________________________________________________________________

ПРОГРАМА НА СЕМИНАРИТЕ:
- Запознавање со поимот на медијацијата (предности на медијацијата за ефикасно решавање на споровите);
- Медијацијата во Република Македонија согласно законските прописи;
- Договорна медијација согласно член 3 од Законот за медијација и медијацијата во спорови настанати од обигациони односи;
- Медијација во работните спорови според Законот за медијација и Законот за мирно решавање на споровите;
- Надомест на штета и медијацијата;
- Заштита на потрошувачите во постапка за медијација;
- Придобивките од медијацијата
- Тек на постапката за медијацијата (практична примена за почетокот, текот и завршетокот на постапката).

ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компаниите, раководители на правен сектор, раководители на сектор за човечки ресурси...

Контакт:

   Елизабета А.Ефтимова
   Тел: (02) 32 44 074 
   E-адреса: beti@mchamber.mk
  
  Со цел планирање на бројот на учесниците заради навремено и професионално организирање на семинарите, пријавувањето на учесниците е задолжително.

Во прилог: Агенда и Пријавен лист


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права