23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.04.2017


Актуелно  

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ДЕЛ ОД ГАСОВОДОТ НЕГОТИНО-ПРИЛЕП-БИТОЛА


Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп и Општина Прилеп на 19.4.2017 година во Тројачката котлина во близина на Прилеп свечено се одбележа започнувањето на изградбата на дел од гасоводот Неготино-Прилеп-Битола.

 

Во присуство на дел од членовите на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп и поголем број гости отпочнувањето на изградбата на гасоводот на делницата Неготино-Прилеп-Битола го поздравија претседателот на Регионалната комора Симон Наумоски, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески и извршниот директор на компанијата „Македонски енергетски ресурси “ Крсте Миладинов.

Отпочнувањето на изградбата на гасоводот Неготино-Прилеп-Битола  е историски момент за градот Прилеп за што Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, заедно со градоначалникот Марјан Ристески, имаа доставено барање до Владата на Република Македонија за негова изградба. Овој гасовод ќе биде со должина од 92 км, а инвестицијата изнесува 36 милиони евра. Со донесувањето, гасот како енергенс ќе биде од големо значење за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани од регионов, намалување на трошоците за енергенси, подобрување на економијата на регионот, како и заштита на животната средина.

Со изградбата на гасоводот паралелно се очекува да започне изградбата на дистрибутивната мрежа за поврзување на поголемите индустриски капацитети, како и домаќинствата од нашиов регион.

Ристо Најдоски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права