Преку Програмата „ГроуБиз“ (GrowBiz), финансирана од УСАИД, следува поддршка на растот на туризмот, земјоделието и производството
➢ Актуелно (18.09.2020)
👁 Прочитано: 1551



Преку Програмата „ГроуБиз“  (GrowBiz), финансирана од УСАИД, следува поддршка на растот на туризмот, земјоделието и производството

Програмата „ГроуБиз“ (GrowBiz), имплементирана од „ЛинкАкрос“ и кофинансирана од УСАИД,  фокусирана е на поттик на економскиот раст во Северна Македонија и Албанија.  Целта на оваа иницијатива на УСАИД е да се помогне за раст на бизнисите во областа на туризмот, земјоделието или производството во Македонија. Реализацијата ќе се одвива преку персонализирани обуки, консалтинг и тренинг-сесии од врвни меѓународни и домашни експерти, со цел да се помогне во создавање и спроведување на растечки бизнис план.

Оваа програма е отворена за мали и средни бизниси и ќе се спроведе во две фази од октомври 2020 до декември 2021 година. „ГроуБиз“ е отворена за мали и средни компании регистрирани во Северна Македонија или Албанија, во следните сектори: земјоделство и обработка на земјоделски производи, еко/авaнтура/ рурален туризам, производство на текстил и облека и производство и обработка на дрво.

Можност за аплицирање за оваа програма преку следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfbUUY84KtyFMCiCnuSUDkwccj-056sZSlxVkSJ10UItWs-lw/viewform .

 

Служба за информирање при Комората