Семинар / 26.11.2019

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ
-плати, јубилејни награди, отпремнини за пензија, испратнини за технолошки вишок, дневници за службени патувања во земјава и во странство
-

26.11.2019 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Овој семинар има за цел да го опфати работењето во делот на користи за вработените. Работниците имаат право, а работодавачите имаат обврска за исплата на плата и надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос. Показател за ова е Законот за работни односи, како  и колективните договори за приватниот и за јавниот сектор. Сето тоа е пропишано и во Меѓународните сметководствени стандарди 19 (МСС 19) за големите и средни субјекти, како и Одделот 28 - Користи за вработените на
Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни ентитети (МСФИ за МСЕ).

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Која е разликата помеѓу краткорочните и долгорочните користи за вработените?
- Како се признаваат и како се мерат краткорочните и долгорочните користи за вработените ?
- Кој мора да го почитува Законот за минимална плата? (Дали одредбите на овој Закон се однесуваат за сите лица?)
- Што се додатоци за работникот?
- Како и колку да му се зголеми платата на работникот за прекувремена работа, работа ноќе, работа во три смени или работа во ден на неделен одмор?
- Колку се зголемува платата за работен стаж на работникот од стопанството?
- Како да исплатиме јубилејна награда и кој е даночниот третман?
- Како да исплатиме отпремнина за пензија и кој е даночниот третман?
- Како да исплатиме технолошки вишок и кој е даночниот третман?
- Кога работникот добива бонус?
- Какви податоци добиваме од Државниот завод за статистика за делот плата и надоместоци од работен однос?

ПРОГРАМА:

- Меѓународен сметководствен стандард 19 (МСС 19):
  • Краткорочни користи за вработените;
  • Долгорочни користи за вработените;
  • Краткорочни и долгорочни платени отсуства;
  • Учество во добивка и бонуси;
  • Користи по престанок на работниот однос;
  • Државни планови;
  • Осигурени користи;
  • Отпремнини;

- Плата (краткорочни користи за вработените):
  • Основна плата;
  • Успешност на работникот;
  • Додатоци;
  • Практичен пример за пресметка на плата за 2019 година;

- Плата (долгорочни користи за вработените):
  • Јубилејни награди;
  • Практичен пример за исплата на јубилејна награда;

- Отпремнини за пензија (не се оданочува со данок на личен доход согласно член 12, став 1, точка 22 од Закон за данок на личен доход);
  • Испратнини за технолошки вишок (не се оданочува со данок на личен доход согласно член 12, став 1, точка 23 од Закон за данок на личен доход);
- Дневници за службени патувања во земјава и во странство;
- Надомест за одвоен живот;
- Надоместок во случај на смрт на работник или смрт на член на семејство;
- Помош за претрпени штети од елементарни непогоди;
- Регрес за годишен одмор;
- Надоместок за непрекинато боледување;
- Организирана исхрана;
- Трет пензиски фонд.

Семинарот ќе резултира:

- Подлабоко разбирање на пропишаните законски регулативи  за платите и надоместоците од плати и работен однос;
- Правилен пристап кон краткорочни користи за вработените;
- Правилен пристап кон долгорочни користи за вработените;
- Правилен пристап кон користи по престанок на работниот однос на вработените;
- Правилен пристап кон отпремнините за вработените.

Предавач:

- Мери Каровска, дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Таа е предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Исто така, има искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација „Achieve Global“ потоа „Link Across“ и Американ колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран корисник. Паралелно, триесет и две години работи со сметководство на здруженија, фондации и компании со различни дејности. Во поново време, соработува со буџетски институции. Има искуство и како финансов директор во ИТД „Дистрибуција“ - Скопје, една од водечките компании во ИТ-секторот кај нас, членка на „Инфософт“ Групацијата. Мери Каровска е управител на лиценцираната компанија за економско-сметководствени услуги „Каровска“ ДООЕЛ од Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 21.11.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА -
Семинар, 23.01.2020
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ
Семинар, 23.01.2020
КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016
Семинар, 24.01.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ
Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција