ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
24.05.2019 👁 Прочитано: 2010

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК


Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Многу е лесно да се наведат 40, 50 или 100 барања кои им претставуваат проблем на компаниите во нивното секојдневно работење. Некои од нив се од нормативна природа, па решавањето се состои во потребата од појаснување, прецизирање или дополнување на регулативата со која е уредено конкретното прашање, а некои прашања се поврзани со неможноста за нивна импелементација во практиката, поради најразлични причини: краткиот рок за приспособување кон новите правила, потребата за поголеми инвестициски зафати заради примена на некое ново решение и други слични причини.

Затоа, при подготовка на иницијативите и барањата на бизнис-заедницата за измена на одреден пропис или за одложување на нивната примена за одреден период, доколку конкретните проблеми не се детално образложени и не се поткрепени со компаративни анализи и искуства, и доколку недостасува конкретен предлог како истите да бидат решени, не би имале основа да очекуваме нивно решавање од страна на носителите на државната власт. Тоа, ние, како Комора, одамна сме го сфатиле. Затоа, активностите на Комората се насочени кон истражувачки и аналитички проекти, фокусирани на повеќе различни теми кои се од значење за подобрување на деловната клима во државата, но истовремено, и за унапредување на состојбите во различните сектори и дејности во кои функционираат многубројните компании-членки на Комората. Во таа насока, иницијативите кои произлегуваат од Стопанската комора на Македонија не се паушални констатации или таксативно наведени барања, туку истите се резултат на образложени барања во чија подготовка учествуваат истакнати претставници на компаниите-членки на Комората, експерти во својата област, кои своите интелектуални, аналитички и творечки капацитети ги ставаат во функција на поефикасна работа на компаниите, но и подобро функционирање на јавно-приватниот дијалог, со крајна цел за остварување на подобра деловна клима, што секако е од интерес и за јавниот и за приватниот сектор.

Научно-истражувачките студии и анализи се основата од каде треба да се појде при подготовка на барањата и иницијативите на бизнис-заедницата, градењето на стратегиите и дефинирањето на чекорите за натамошно придвижување напред на економски план. Секако универзитетите, МАНУ, институтите, и како самостојни институции, во рамки на своите надлежности, треба да дадат еден позитивен импулс во градењето на Стратегијата за забрзан и одржлив економски раст, а тоа секако ќе биде од интерес и за државата, и за бизнисот и за граѓаните.

Бизнисот постојано прашува со каков квалитет на податоци и економски параметри располага државата? Кои се основни дејности во македонското стопанство? Колкаво е учеството на приватниот сектор во БДП? Колкаво е учеството на приватниот сектор во вработувањето и каква е неговата улога врз процесот на миграција (забавување/забрзување)? Кои се основните недостатоци кои влијаат врз намалените можности на компаниите за натамошен развој, вклучувајќи ги проблемите поврзани со недостаток на знаење, добар маркетинг, несоодветно управување со ресурсите, немање соодветен кадар за определена дејност и слично? Кои други параметри значајни за работата на приватниот сектор имаат клучно влијание за унапредување на растот и развојот на македонската економија?

Одговор на овие прашања може да се добијат единствено од научно-истражувачки проекти, во соработка со научните инситуции – универзитетите, академиите на науки и уметности, институтите... Бизнисмените знаат што им треба, а научните работници знаат тоа да го испорачаат, но потребно е поврзување на науката со бизнисот, за да се согледаат овие потреби. Тоа го прави Комората и токму тука е моќта на заедништвото и вмрежувањето. Затоа на државата и треба моќен коморски систем и активен јавно-приватен дијалог кој ќе може вистински да одговори на потребите на поврзување на претприемачите на локално, регионално и меѓународно ниво, да ги поврзе стопанствениците со науката, да ги поврзе работодавачите со Владата и синдикатите, да ги поврзе стопанствениците со средните училишта и факултетите...

Научно-истражувачки анализи, вистински јавно-приватен дијалог, а не паушални констатации е вистинскиот пристап во подготовка иницијативите, во креирањето на предлозите за градење стратегии и таков треба да биде на сите сериозни општествени чинители, ако би сакале да имаме резултат каков што посакуваме, па доколку не го постигнеме, ќе знаеме дека ние како институција сме ги исцрпиле сите средства и можности кои ни стоеле на располагање.
ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ