Во Цирих отворен Домот на чоколадо „Линдт“
👁 Прочитано: 837



Во Цирих отворен Домот на чоколадо „Линдт“

Швајцарскиот Дом на чоколадо „Линдт“ (Lindt) беше отворен во Цирих. Овој несекојдневен музеј за време на интерактивното патување низ него на гостите им овозможува  да ги доживеат седумте чоколадни светови – од одгледување на зрна какао до производство на чоколадо. Експонатите ја раскажуваат приказната за швајцарското производство на чоколадо не само на „Линдт“, туку и на неговите славни претходници.

Во „Lindt Chocolateria“, гостите можат да создадат свои вкусни колачи за време на час по готвење. Исто така, задолжителна е и просторијата за дегустација на пралини (кондиторски производ кој главно се состои од кршен карамелизиран шеќер со ореви, најчесто бадеми), а има и кафуле „Линдт“.

Во Музејот се наоѓа и најголемата фонтана за чоколадо во светот, со висина од 9 метри.

Фабриката „Lindt & Sprunli“ се наоѓа во Килчберг, Цирих, од 1899 година.

 

Служба за информирање при Комората