Уредникот на магазинот „Форбс“, Рандал Лејн и претседателот на Стопанската комора на Македонија реализираа работна средба
➢ Актуелно (18.09.2020)
👁 Прочитано: 1589



 Уредникот на магазинот „Форбс“, Рандал Лејн и претседателот на Стопанската комора на Македонија реализираа работна средба

На 17.09.2020 година, во Стопанската комора на Македонија, се одржа работна средба на уредникот на магазинот „Форбс“, Рандал Лејн со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на која присуствуваше и Аријана Коскарова од „Creative Hub Macedonia“.

На работната средба се дискутираше за развојот на претприемништвото во земјата. На средбата беа разгледани и можностите за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и магазинот „Форбс“  во наредниот период.

Служба за информирање при Комората