Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор - ГЕРАСИМ КУЈУНЏИЕВ, „ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ ДОО КАВАДАРЦИ
➢ Актуелно (31.07.2020)
👁 Прочитано: 1846



Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор - ГЕРАСИМ КУЈУНЏИЕВ, „ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ ДОО КАВАДАРЦИ

„Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци поседува и управува со фабрика за преработка на никелова руда во Кавадарци. Во фабриката се произведува висококвалитетен никел во форма на фероникел (гранули со висок квалитет и ниско ниво на јаглерод што содржат приближно 20% никел и 80% железо), за употреба во индустријата за производство на нерѓосувачки челик.

По истражувањата во 1950-тите и тестирањето на рудите во 1960-тите, компанијата (тогаш позната како „ФЕНИ“) започнала да ги гради печките и придружна инфраструктура во 1970-тите. Првиот никел во форма на фероникел бил произведен во 1982 година, од локални руди и годишното производство изнесувало околу 2.000 тони.

По рестартирањето на фабриката во 2018 година од страна на новиот инвеститор „ГСОЛ“, „Еуроникел Индустри“ иницираше програма за инвестирање, со цел надградба на фабриката и зголемување на производството. На крајот на 2019 година беа завршени активностите за ставање во работа на целосно обновената втора електро-печка, со вредност на инвестицијата од 15 милиони евра. Компанијата има капацитети за годишно производство на фероникел од минимум 23.000т, со што се вбројува во листата на најголемите светски производители на никел во форма на фероникел.

„Еуроникел Индустри“ вработува околу 1.000 луѓе и има ланец на снабдување кој опфаќа повеќе од 1.000 домашни и стотици меѓународни компании.

Герасим Кујунџиев е прв генерален директор на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци од 2018 година, а има работно искуство на повеќе менаџерски позиции во фабриката за никел во Кавадарци во последните две децении.

Герасим Кујунџиев е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020-2025.

 

 

 

Служба за информирање при Комората