СО „ХЕМОМЕТАЛ“ ДО СОВРШЕНА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ПРОФИТАБИЛЕН АГРОБИЗНИС
👁 Прочитано: 2754



СО „ХЕМОМЕТАЛ“ ДО СОВРШЕНА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ПРОФИТАБИЛЕН АГРОБИЗНИС

Компанијата „Хемометал“, основана во далечната 1990 година, претставува добро познат партнер на земјоделците и агробизнисмените, а изминатите 30 години стана препознатлив синоним за квалитетна механизација и компанија која се залага за развој на македонскиот агрокомплекс преку модернизација на производството.

-На домашниот пазар „Хемометал“ е добро познат по брендовите на трактори „Зетор“, „Хаттат“, „Валтер“, „Солис“, кои истовремено претставуваат едно од најпродаваните трактори во Европа, задоволувајќи ги потребните прописи на ЕУ. Во насока на креирање на подобри услови, обновување на механизацијата, во соработка со ПроКредит Банка, овозможено е поволно кредитирање за земјоделците и агробизнисмените, со годишна стапка од 3%, како адекватен одговор на се` помалата застапеност, финансирање на набавка на трактори преку ИПАРД-Програмата, - вели Мирко Велковски, основач и сопственик на „Хемометал“.

Покрај продажбата, компанијата располага и со сервисен центар за тракторите и другата механизација, обезбедувајќи квалитетна услуга по пристапни цени, а вработените се секогаш достапни да дадат адекватни информации за секој производ, градејќи долгорочен однос со своите клиенти.

Компанијата „Хемометал“ има 10 продажни места низ целата држава, со цел да бидат поблиску до земјоделците и нивните потреби. Развојот на компанијата го гледаат во следење на модерните текови во оваа област и излегување во пресрет на младите земјоделци кои имаат интерес за новите модерни технологии, како во растителното производство, така и за работа во фармите. Нивниот јубилеј годинава – 30 години од основањето е најголемиот доказ за професионалноста и визијата на компанијата „Хемометал“.